Среда, 06 Септември 2023    PDF Печати Е-пошта
Чрешче

Hisar-creska

Чрешче (наречена и Хисар или Исар ) е тврдина која се наоѓа во непосредна близина на градот Штип на доминантна позиција, помеѓу реките Брегалница и Отиња.

На оддалеченост од близу 2 km југозападно од Црешка се издига осамената карпа „Хисар” („Полис”) покрај Брегалница. Реката врти во голем лак околу неа и ја опфаќа од три страни. Само од исток кон Хисар се приоѓа преку длабоко седло. Карпата има вертикални страни високи 30-50 м и зарамнет врв во вид на плоча, голема 300х120 m. Се издига 150 m над реката и доминира над широката околина. Далеку е од сите позначајни патишта во овој регион. Јужно од Хисар реката поткопала карпи наталожени со железна руда (сидерит); се гледаат дупки и поткопи на простор долг 2 km — траги од вадење на рудата во минатото.

Првите рудари се населиле на Хисар во раната антика (грнчарија и монета од III век п.н.е.). Во доцната антика тука израснала голема рударска населба. Иако е природно укрепена и непристапна, плочата на врвот била опкружена со камен ѕид, а со ѕидови бил опфатен и станбениот простор во јужното и источното подножје, со вкупна површина од 7 ха. На реката јужно од Хисар бил изграден мост од кој денес се гледаат траги. Бројните движни наоди и монети од IV-VI век го определуваат времето на животот на Хисар.

Hisar-creska-naodi
Наоди од Чрешче, IX и XIII-XIV век

Обновеното рударство во овие краишта условило да се обнови и крепоста на Хисарот. Бидејќи и плочата била многу голема за поскромните средновековни потреби, преградена е со напречен ѕид во два дела и помалиот источен дел (со големина 120 х 110 м) бил населен. На напречниот ѕид (граден без малтер) на северниот агол потпрена е една голема кула. Ѕидана е масивно и со малтер, мери 12,5 х 12 м и доминира над целата карпа и околината. Сето ова ја определува како донжон, настанат во XIII или IV век. Останатиот простор на карпата, природно заштитен, служел по потреба како збег.

Движните наоди прибрани во укрепениот простор потекнуваат од подолг временски период. Истакнуваме една бронзена апликација — јазиче за појасен ремен, со форма и украси типични за доцниот VIII и IX век. Парчињата словенски накит од бронза и стакло потекнуваат од X—XIII век. Бакарните монети — византиски скифати се од XII—XIII век. Една оловна плочка со магиски запис за истерување на демонот Нежит е датирана во XIII—XIV век. Српските монети се од XIV век.

По битката кај Велбужд во 1330 година, Србите освоиле низа гранични византиски крепости на Брегалница и Вардар. Тогаш бил заземен и „градот Чрешче”. Името е словенско и упатува (како и археолошките наоди) на времето пред византиската реновација, веројатно во IX век (под цар Борис и цар Самуил). Византија го користела како рудничка и на крајот како гранична тврдина.

Побогатите рудни лежишта во околината биле исцрпени веројатно уште во доцната антика и Чрешче живуркало како мала населба со тврдина до XIV век. Во турските документи не е забележано, а споменот на „градот” Чрешче останал да живее во името на селото Црешка близу него, кое во нашето време исто така запустело.

Извори

И. Микулчиќ TIR, 36 и 1987, 149—157

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.