|
||||
Археолошки локалитет во Старо Село (Арангел) Општина Кичево |
Старо Село е археолошки локалитет во Кичевското село Арангел. Локалитетот претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа во централниот дел на селото, на една мала височинка, особено покрај селската продавницa, каде има некропола со гробови подѕидани со камени плочи. На средината од некрополата има темели од мала еднокорабна црква со димензии од 6 х 4 m. Маркулија (Маркова Кула) е тврдина-крајпатна стража 1 км североисточно од раселеното село Арангел и исто толку далеку од Србица, обете во Кичевско. Претставува истурена планинска гранка што завршува со заоблена чука 100 м високо над источниот раб на долината (872 м н.м.). Визуелно е поврзана со Кичево 10,5 км на југозапад. Стариот пат Кичево - Гостивар поминувал крај ридот и 7 км северно оттука го достигал планинскиот премин Кафа. Таму лежат и старите рудници на железо, додека рудниците на јаглен (површински копови) лежат 3 км јужно од Маркулија, во атарот на Осломеј Манастириште е археолошки локалитет во Кичевското село Арангел. Локалитетот претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 1 km јужно од селото, во приватна нива, каде во 1958 година биле откриени две мермерни плочи. Во истата и во соседните ниви по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал. Меѓа е археолошки локалитет во Кичевското село Арангел. Локалитетот претставува старохристијанска базилика. Се наоѓа на околу 600 m источно од локалитетот Манастириште, на една мала височинка, каде се гледаат темели од поголем објект обраснат со вегетација. По површината има расфрлено фрагменти од тегули и градежен материјал. Според димензиите и ориентацијата (исток-запад), би можело да се заклучи дека се работи за старохристијанска базилика Арангел е село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. Според податоците за 2002 година, во селото живееле 709 жители. До 2013 година селото било дел од Општина Осломеј, која се припоила кон Кичево. |