Среда, 24 Јули 2013    PDF Печати Е-пошта
Лазаровци

lazarovciЛазаровци е село во Општина Кичево. Според пописот од 2002 година селото има население од 88 жители.

Лазаровци се наоѓа во областа Горно Кичево, на 4 километри северозападно од градот.

Во истириските извори Лазоровци се споменува под истото име и во другата половина на 15 век (1476/77г.). Селото Лазоровци во тоа време имало околу 31-на христијанска куќа. Денес во село Лазоровци не постојат постари македонски родови. Кога предците на сегашните најстари родови пред околу 200 години се населиле - Орешковци и Павлевци, тие ја нашле само напуштената црква. Остатоци од некогашните куќи има кај Сташинец и Попоа Вода.

Во село Лазоровци постоеле главешини, Ванче Петроски и Дели-Митре. Тие го спасиле селото од арнаутите кои сакале да го заземат исто како што сториле со останатите околни села. Со цел да го спаси Лазоровци, Дели-Митре морал на арнаутите да им го отстапи Ериновци. Лазоровчани во минатото често велеле: „Ние сме паѓале од оф на леле“!

Во 19 век Македонците од Лазоровци не смееле да ја напасуваат својата стока во својот атар, во тоа биле спречени од страна на муслиманите од околните села. Поради тоа околу 1850 година селаните од соседното село Црвивци го повикале арнаутинот Мамуд, да ги заштитува (нормално за тоа селаните му плаќале).

Така Мамуд го населил некогашното христијанско село Ериновци кое одамна било опустошено од страна на турскиот аскер.

Во текот на втората светска војна, од албанската окупција селото Ериновци административно почнало да се запишува како Мамудовци. Поради тоа старото македонско име брзо се заборава. Во 1912 година селото Ериновци (Мамуцовци) имало седум семејства, потомци од Мамудовите синови.

По ослобудувањето од Турците, Лазоровци имало 13 куќи. Селаните секогаш живееле од својата земја. Постои предание за змејот кој грабнал девојка додека играла на оро, и ја однесол во пештерата под Чука кај Ериновци.

Според податоците од 1873 година, селото имало 16 домаќинства со 88 жители христијани (Македонци). Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 130 жители христијани (Македонци).

Според пописот од 2002 година, во селото Лазаровци живеат 88 жители, сите Македонци.

Свети Ѓорѓи е македонски православен христијански црковен храм во кичевското село Лазаровци.

Црквата е сместена над селото, а постојат податоци дека е изградена кон крајот на 16 век или почетокот на 17 век. Во склоп на црквата се наоѓаат и селските гробишта. Покрај црквата се наоѓаат стари гробови (кои датираат од Османлискиот период) на кои пишува дека покојните не умреле од природна смрт, туку напротив безмилосно биле убивани од страна на Арнаутите. Административно е дел од Четвртата кичевска парохија.

Црквата е широка 2,5 метри, долга е 4,2 метри, а висината во највисокиот дел изнесува 3,5 метри. Ѕидовите се градени од камен и варов малтер, а покривот со камени плочи (камен лиска). Покривот е граден на „две води“, а под нив се наоѓа слој на земја која ја чува внатрешната темература постојано на 18 степени целзиусови. Ова придонело се` до денешен ден да се зачува фрескоживописот.

Фрескоживописот датира од периодот на постанокот на црквата Св. Ѓорѓи. Ѓоѓе Мано Зиси го споменува селото Лазоровци и кажува дека во црквичката се наоѓал запис во кој се споменувал Кралот Твртко I и жена му. Тома Смиљаниќ - Брдина исто така соопштува дека во селото Лазоровци постои црквичка која според него потекнува од времето на Цар Лазар и дека има ктиторски натпис од 1371 година.

Иконостасот е изработен во 19 век, а фреските на ѕидот потекнуаат од 17 век. На нив се прикажани дванаесетте Апостоли. На најголемиот дел од нив се забележуваат оштетувања за кои итно треба да се интервенира од страна на конзерваторите за да заштити барем тоа што е останато. Фрескоживопис имало и на предниот дел на влезот во црквата. Меѓутоа, при изградбата на трпезаријата тој во голема мерка е оштетен.

Едно од најголемите црковни ѕвона во целата кичевија се наоѓа токму во камбанаријата на црквата. Камбанаријата е направена во 1936 година, а ѕвоното е донесено од Австрија. Во црквата Св. Ѓорѓи се чуваат повеѓе евангелија на старословенски јазик кои настанале во 19 век.

Приказ на сонцето на штит во црквата. Внатрешното е со дванаесет краци, а надворешното со шеснаесет краци и украсено со орнаменти. Внатрешното дванаесет крако сонце го има насликано на повеќе места и цркви во Македонија, а го има во службена употреба и АРМ.

Рашо Ливада е археолошки локалитет во Кичевското село Лазаровци. Локалитетот претставува депо на монети од средниот век. Се наоѓа во приватна нива, каде во 1936 година е најдено депо на средновековни српски монети кои денес се чуваат кај приватен колекционер од селото Лазаровци.

Сретсело е археолошки локалитет во Кичевското село Лазаровци. Локалитетот претставува населба од раниот среден век. Се наоѓа во централниот дел на селото, каде мештаните откриле темели од објекти градени од камен и варов малтер, водоводни цевки и друг градежен материјал. Откриени се и фрагменти од питоси.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.