Среда, 24 Јули 2013    PDF Печати Е-пошта
Слава на извршителот Бог кој како Тројство го славиме

Од книгата, Скопје 1996.

trojstvoСлава на извршителот Бог кој како Тројство го славиме. Јас, смирениот и последен меѓу калуѓерите Виктор монах, на кого татковина му е гревот, а мајка - земјата ја напишав оваа Божествена книга наречена Законик во „Свети Ѓорѓи“ кај Езерото. Настојници беа протопоп кир Божидар и неговиот брат кир (...). Вечна им памет!

Притоа, се молам на секој кој ќе чита или препишува, да поправа, ако нешто е погрешно (бидејќи никој не е безгрешен освен Бог). И меѓу човеците никој не е совршен; само создателот на човеците единствено е совршен...

Се пишуваше во Струга во 1590 година, сончев круг – 14, лунен – 11, темели (...) на Охридскиот престол кој (...) се нарекува Блаженејши архиепископ на Прва Јустинијана, наше Блажество да ги има секогаш под себе епископиите на епархиите Дакија то ест Угривлахија, Медитеранија то ест Унгарската земја и Дахронија то ест Српската земја до Западното море (...) и Превалија то ест од Дунав до Солун што се вика Македонија и Дарданија и Долна Мизија то ест од Охрид дури до Авлона и Коринт.

Струшки номоканон на монах Виктор, 1590 година.

*

Се напипша ова свето евангелие во манастир Карпино, во храмот „Воведение на Пресветата Богородица“ во 1592 година... За ова се потруди и плати проегуменот кир Јоаникие еромонах. Вечна му памјат, амин.

Евангелие од Карпински манастир.

*

Оваа книга наречена  Учително евангелие, е пишувана во 1593 година. Книгава е пишувана во  времето на егуменот кир Максим од еромонахот Матеј, на кого татковина му е гревот, а мајка – земјата. Отци свети, ако нешто сум погрешил, заради Бога исправете го.

Учително евангелие, 1593 година.

*

Во 1598 година. И беше во тие времиња скрб и тага помеѓу народот, како што Христос вели во Евангелието. И тогаш тргнаа Турците со огромно множество муслимански воини:

Татари, Перси, Черкези, Скити, така што не е возможно да се преброи тогаш насобраната војска, која тргна од источните земји против Унгарците; и презедоа таму неколку градови, и ја опленија и поробија унгарската земја. И тогаш оттаму се вратија и презимуваа во српската земја, и тогаш ѓаволот, не можејќи да го трпи спокојството среде христијанскиот род, ги дигна безбожните и лути Татари. Олеле, каква скрб ја најде тогаш таа земја. Накратко ќе ви кажам:  села и градови палеа и многу цркви запустија и свети икони искрадоа и светите места осквернија и ископаа. Тогаш, во лутата зима многумина ги соблекуваа голи на земјата и ги тепаа, други пак, врзани голи за коњски опашки ги влечеа, едни беа сосечени, а други – стрелани. И немаше место во кое да не лежеа мртовци, по брда, долини, градини, полиња, се беше тогаш исполнето со мртви тела. Други пак во туѓа земја беа одведени и еден од друг разделувани. Тогаш настана голем плач и липање. Пријател од пријател разделува, брат од брат син од татко и мајка од син. И се слушаше голем плач и липање: Уви! Горко нам, велеа, подобро ќе беше сите во еден гроб да влеземе отколку во туѓа земја да бидеме одведени. Така, луто липаа и еден друг се оплакува. И наполно се запусти оваа земја. Ако по ред кажувам за она што видов и за она што чув ќе поминат 40 години (?) во кажување, затоа накратко раскажав...

Ракопис од манастирот „Св. Павле“ во Света Гора.

*

Во 1598 година, месец мај, 28 ден на архиепископот Охридски кир Варлаам Турци му отсекоа главата во град Велес и создадоа вечна мака. Вечна му памет!

Пролог од Охрид, 14 век.

*

Во 1600 година, 23 мај, од раката на многугрешниот тах монах Спиридон се напишаа оваа свата книга наречена Минеј во името на светиот архиереј и чудотворец Никола во манастир Градиште, при митрополитот на Пелагонија и Прилеп кир Стефан.

Минеј на монах Спиридон.

*

Село Прибилци. Никола Новачков приложи една нива на манастирот за свој спомен. Ако се откаже од тоа некој роднина, или син, или внук, проклет да е и да му е соперник свети Јоан. Во 1610 година.

Слепченски поменик.

*

Оваа книга пентрикостар ја купи презвитер Стојко во 1615 година, за 304 аспри и за страна жито. Месец септември, 14 ден.

Цветен триод од Лесновскиот манастир.

Подготви: Марко Китевски
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.