Среда, 16 Октомври 2013    PDF Печати Е-пошта
Водопад на Длабока река

dlaboka-reka-vodopad

Водопадот на Длабока река се наоѓа на масивот Кораб под Мала корабска врата, на кањонот на Длабока река. Водопадот се напојува од снеговите што се топат и од мали извори под Мал Кораб. Затоа препорачливо е да се посетува во месеците мај, јуни и јули.

dlaboka-reka-vodopad-2До овој водопад се пристигнува од селото Нистрово. С. Нистрово се наоѓа на патот меѓу Маврово и Дебар, одејќи по тој пат се врти десно на местото каде Рибничка река се влива во реката Радика. По напуштањето на патот Маврово - Дебар, се оди 1,7 км покрај Рибничка река и се доаѓа на мост после кој има раскрцница и се врти во десно. После вртењето по патот се доаѓа до с. Нистрово (вкупно 5,3 км од свртувањето на патот Маврово - Дебар до с. Нистрово), пред кооперацијата (која не работи) се остава возилото.

Од с. Нистрово се тргнува кон с. Жужње кое е напуштено, по селски пат и се стигнува за околу 40 минути. Кај с. Жужње се избира по кој пат ќе се оди кон водопадот. Едниот пат е по течението на реката, а другиот по патека која оди под врвот Кабаш.

Ако се оди покрај реката тогаш потребно е да се движите на десната страна на реката, се оди по ливади. По околу 40 минути кањонот се стеснува, првин се влегува во борова шума, а потоа во букова. Патеката е добро обележана (со црвена боја). После вкупно 90 минути пешачење од с. Жужње потребно е да се премине на левата страна на реката, нема мост но има паднати дрвја од лавина, кои служат како мост. Потоа првите петсто метри нема патека заради лавината, се оди покрај река по маркација. По 10 минути се наидува на патека и се движите по неа околу 40 минути. Потоа пак се преминува на десната страна на реката користејќи се со паднати дрвја, тука пак се наидува на широка патека. Се продолжува по букова шума и по 10 минути кањонот се отвора и во далечина се појавува Водопадот на Длабока река. Од тука движењето е по широки ливади, патеката се губи во високата трева, од излезот од шумата па се` до Водопадот потребни се уште околу 70 минути, вкупно 4,5 часа (бидејќи има прекрасни места за фотографирање, а тоа одзема многу време).

Доколку не сакате да се враќате по истиот пат тогаш може да се искористи патеката под врвот Кабаш. Прво од самиот водопад се оди покрај реката 10 минути од десна страна по течение на Длабока река, се појавува широка патека која ќе ве води по ивицата на самата шума, после 30 минути пешачење се наоѓате под самиот врв Кабаш (цело време се искачувате). Под Кабаш патеката врти лево и влегува во ниска шума, се спушта цик-цак, потоа влегува во букова шума, за 40 минути пристигнувате до една ливада, тука патеката врти лево и влегува во висока букова шума (наидувате на дрвја на кои се напишани имиња), патеката се спушта полудесно, после 15 минути наидувате на големи ливади, на ливадата нема потреба да се движите по средината и право надоле на крајот на ливадата побарајте маркација. Кога ќе ја пронајдете се движите по патека спуштајќи се накај село Жужње, ќе поминете уште 4 мали ливади. Пред самото село Жужње ја поминувате реката кај црквата и по истиот пат се враќате до с. Нистрово.

Превземено од: MKDmount

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.