|
||||
Завршени се годинашните истражувања на локалитетот Врањак |
Археолозите од Музејот на Македонија под раководство на Ирена Колиштркоска-Настева ги завршија годинашните истражувања на локалитетот Врањак, скопското село Варвара, проект кој беше предвиден во Годишната програма за заштита на културното наследство на Министерството за култура. Станува збор за населба од енеолитскиот период, врз која има слоеви од бронзеното време и од класичниот период. Во истражувањата кои се одвиваа во периодот септември-октомври, археолозите дојдоа до значајни наоди, богата движна покуќнина од кои најмногубројни се садовите за секојдневна употреба, во најразлични форми, изведби и декорации. Во голем број присутни се и глинените тегови, прешлени за предење, коскени, камени алатки и рачни камени мелници. Дел од откриениот материјал веќе се конзервира во лабораториите на Музејот на Македонија по што ќе следува негово документирање и презентирање, а преостанатите наоди ќе се чуваат во депото на Археолошкиот музеј во Скопје. |