Понеделник, 18 Ноември 2013    PDF Печати Е-пошта
Бурен аплауз за Македонската опера и балет во Џакарта, Индонезија

Со громогласен аплауз и овации беа поздравени двата концертни настапи на Македонската опера и балет викендов во најпрестижните концертни сали во Џакарта, Индонезија.

Македонските реномирани солисти со интернационална кариера, Весна Ѓиновска–Илкова, Ѓорѓи Џуцковски и Владимир Саздовски, и оркестарот на МОБ во саботата во најголемата концертна сала во Индонезија, која има капацитет од 1200 седишта и каде што настапуваат врвни уметници од целиот свет, двапати беа вратени на бис.

Под диригентската палка на маестро Норман Виџаја, голем пријател и соработник на Македонската опера и балет кој активно работи во Операта во Нирнберг, Германија, пред публиката во индонезиската метропола беа изведени дела од Верди, Пучини, Бизе, Масне и Моцарт.

Во неделата, индонезиската публика со особен интерес и изразени емоции го проследи настапот на македонските оперски уметници во  центарот Цу чи, меѓународна хуманитарна организација најголема во регионот што припаѓа на кинеското говорно подрачје. Средствата од концертот, кој беше со хуманитарен предзнак, беа наменети за жителите на Филипините кои се соочуваат со голема природна катастрофа.

Гостувањето на Македонската опера и балет во Џакарта е дел од активностите на Министерството за култура за меѓународна промоција на македонската култура во светот за 2013 година и се одвиваше во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Индонезија.

Оваа голема промоција на македонската култура, освен од Министерството за култура, логистички беше поддржана и од Министерството за надворешни работи на РМ, Царинската управа на РМ и од центарот Цу чи.

__copy

1

2

3

5

7

Министерство за култура

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.