Среда, 20 Ноември 2013    PDF Печати Е-пошта
Свечена академија за 60 години од основањето на Институтот за македонски јазик

Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во присуство на голем број гости, лингвисти, проучувачи на македонскиот јазик, професори, сегашни и поранешни вработени, денеска беше одбележана шеесетгодишнината од основањето на оваа научна установа.

На свеченоста, на која претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод јубилејот, на Институтот му го додели признанието Повелба на Република Македонија, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека станува збор за институција која е вистински афирматор на научната вистина за Македонија и за македонскиот јазик.

institut-za-makedonski-jazik-60-godini-kanceska-milevska-2-640-480x276

-Македонскиот јазик е дел од нашето богато наследство, тој е компонента која го детерминира нашиот идентитет и без него, идентификацијата во светски контекст е невозможна. Токму затоа, грижата за македонскиот јазик е наша неодминлива обврска што мораме да ја демонстрираме на сите рамништа и во сите сфери на неговата употреба – истакна министерката за култура.

Таа ја посочи успешната соработка на Институтот за македонски јазик со Министерството за култура, со чија поддршка е реализиран голем дел од проектите на Институтот.

Ќе ги споменам многубројните монографски трудови за македонскиот јазик што ги издаде Институтот, како и капиталната публикација која се вброи во врвните достигнувања на македонската лингвистика, делото од највисок национален интерес, Толковниот речник на македонскиот јазик. Сиве овие активности ги промовираа спецификите кои му се иманентни на македонскиот јазик, во општословенскиот и балканскиот јазичен простор – рече Канческа-Милевска.

institut-za-makedonski-jazik-60-godini-kanceska-milevska-4-640-480x315

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на денешната свеченост потенцираше дека низ децениите, Институтот им помогна на многу македонисти, на многу македонски пријатели од целиот свет да ја разберат Македонија, афирмирајќи ги со тоа македонскиот јазик и македонската литература и култура.

-Затоа, како претседател на Република Македонија, донесов одлука на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје да му се додели признанието Повелба на Република Македонија. Повелба со која ја искажуваме нашата искрена благодарност на Институтот за шестдецениската научноистражувачка дејност на полето на проучување и негување на македонскиот јазик. Повелба со која ја изразуваме нашата почит кон вработените, кон членовите на научноистражувачкиот кадар што веќе 60 години доследно и посветено ја исполнуваат мисијата и визијата на Крсте Петков-Мисирков – рече претседателот Иванов.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.