Среда, 11 Декември 2013    PDF Печати Е-пошта
Изработката на митри во манастирот Рајчица

rajcica-mitrii

Изработката на митри е едно ретко ракоделие, единствено во нашата земја, што сестрите од манастирот посветен на Св. Георгиј Победоносец во Рајчица го имаат наследено од својот старец, архимандрит Партениј - игуменот на Бигорската света обител.

Ова древно искуство е зачувано во Црквата уште од времето на Византија. Имено, православната митра е моделирана според византиската царска круна, бидејќи привилегијата да носи митра Вселенскиот патријарх ја наследил од византиските цареви, а преку него, таа се пренела и на сите архиереи. Од тогаш изработката на митри се пренесувала од мајсторите на учениците, низ многу векови, со што традицијата се запазила до ден денес.

Тајната на ова ракоделие, по Божја промисла, на отец Партениј му ја открил покојниот митрополит Геласиј од Бугарија, исполнувајќи го така копнежот на неговото срце. Митрата е дел од богослужбената одежда на епископот и го симболизира трновиот венец на Спасителот, означувајќи ја на тој начин голготската служба на архиерејот како носител на највисокиот чин во Црквата, кој секојдневно умира за своето стадо. Но митрата има и друго значење. Таа го претставува и царското достоинство на епископот, бидејќи на богослужбата епископот ја претставува и царската служба на нашиот Господ Исус Христос.

Бидејќи е симбол на архиерејската власт, митрата треба да е достоен одраз на Божјата слава и затоа митрите се украсуваат со многу блескави полускапоцени камења, рачно везени златни и сребрени орнаменти, емајлирани, зографисани икончиња, византиски двоглав орел, и најпосле се опремуваат со раскошно украсен позлатен крст.

Секоја митра е уникатна креација, единствен и неповторлив изблик на подвигот и молитвата, која секогаш ги придружува сестрите во работата, засебен израз на креативноста и плод на талентот, на дарот на Себлагиот Бог во секого од нас. Преку нивните раце Творецот прави вистински ремек-дела, круни кои ги красат главите на сите наши архиереи. И не само на нашите архиереи. Митрите што овде се изработуваат веќе ги носат и многу епископи во светот, вклучувајќи ги тука и најсветите патријарси како Ерусалимскиот, Рускиот и неговата светост, Вселенски патријарх Вартоломеј.

Работата не е лесна, но многуте часови што сестрите ги поминуваат во макотрпно везење, наведнати над митрите, не се паметат, ниту, пак, се чувствуваат, зашто тие на крајот, преку послушанието се преобразуваат во радост. Подвигот е секојдневието на монахот. Но само подвигот што се прави со радост и од љубов кон духовникот е благодатен подвиг, спасоносно движење кон вечноста, подвиг што раѓа плод.

Бигорски Манастир

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.