Среда, 01 Јануари 2014    PDF Печати Е-пошта
Писан Камен

pisan-kamenНа патот према Шлегово кое од Кратово е оддалечено само неколку километри - во еден предел близу до еден поток една од многуте мистерии во овој крај.

Од патот горе на педесетина метри надолу лежи сега еден мал Манастир - кој е изграден близу до некаква испосничка ќелија близу која пак тече мал поток, а од некаде извира вода во една мала чешмичка, вода за која се верува дека е добра за очите. Над вдлабената испосничка ќелија во карпата има и две фрески во карпата кои за жал времето и негрижата ги избледела. Ќелијата е со капацитет слободно да сместат тројца во лежечка положба. Местото е наречено Писан Камен - во превод значи милостив камен... Прикаската за излекување од болеста на слабиот вид е поврзана и со преспивање во ќелијата за што има голем интерес во одредени периоди од годината. На сон им доаѓа на луѓето дека треба да преспијат во пештерата, да се мијат со водата и да оздрават...

Во близина на испосничката ќелија е изградена и мала Црквичка која почнала да ја гради извесна жена од Шлегово - откако и` се сонило дека тука треба да подигне храм во спомен и почит кон Св.Илија. Таа започнала и изградила дел - но работата ја довршиле Кратовчани и жителите на Шлегово, со доброволни прилози и доброволна работа.

Традиција на Кратовчани и блиското Шлегово е на ова место да се слави Св. Пророк Илија и тука да доаѓаат за втори Август со сите адети на бирање кум, ручек и другите обичаии.

Се раскажува дека на времето кога требало да се гради пат - кој првично бил трасиран точно над местото над испосничката ќелија и светата вода - се случило трагедија. Имено едно дрво при неговото сечење, паѓајки го усмртило човекот. Некоја сила ги натерала луѓето потоа да го изместат патот таму каде сега проаѓа. Има податок дека Кратовско Злетовската област (Осоговијата) има скоро триесетина вакви пештери (скитови) во кои некојпат живееле испосници. Осоговијата е полна со вакви јами и со испосници. Не е случајно што во блиска околина има неколку познати испосници кои живееле близу до Осоговските Планни како што се Гаврило Лесновски, Јоаким Осоговски, Рилски и Прохор Пчињски. За сите нив кружат легенди поврзани со настани кои се опишани и во историјата. Сите се прогласени за светци и чудотворци и посветени им се големи манастирски Цркви кои опстојуваат и до ден денешен.

Крале Марко
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.