Среда, 12 Март 2014    PDF Печати Е-пошта
Свадбени обичаи

Обично девојките се мажеле со помош на наводаџии. Многу важна улога на самата свадба играле кумот и деверот. Деверот ги “плаќал” чевлите на невестата во нејзиниот дом кога ја земале  за венчавање. Таа пред него ги пробувала и велела дека не и` се точни, а деверот ги земал, ги вртел  трипати во рака, божем не и` влегуваат и откако ќе ги “плател”,  односно ќе ги наполнел со  пари, таа ги облекува. Побогатите семејства до црквата на венчавка оделе со пајтон, а посиромашните пешки. На чело на колоната до црквата оделе свирачи. Кумот бил многу ценет од младоженците и го сметале  за нивен духовен татко. На самата венчавка кумот им ставал на младоженците платно преку рацете кои им се вкрстени, со симболика вечно да останат “врзани” заедно. Тие пак кумот и кумата ги дарувале со бовчалоци. По вртењето околу олтарот над младоженците се фрлале бонбони и леблебии, со симболика да имаат плоден брак. Свадбата продолжува со веселба која најчесто била дома кај младоженецот.

Во понеделникот, по свадбата, жените оделе на блага ракија ритуал проследен со шеги на сметка на првата брачна ноќ -  на свекрвата и` се горат гаќите и невестата ги послужува со чашка црвена ракија. Симболиката на овој чин е чесноста на невестата.

Пред свадбата кога невестата со другарките одела на капење во Бања, таа со неа носела и погачи и други јадења, а другарките носеле дајриња па играле  ора, а на невестата и ставале к'на.

По свадбата Ганка памети дека кога влегла во дворот, на свекорот кој седел на стол како и на свекрвата им бакнала рака и им дала бовчалок, а на свекрвата одзади и` пуштале вода викајќи: “Ау, се измоча свекрвата”.

Често младите брачни двојки се запознавале на баловите во Офицерскиот дом. Во салата на една страна седеле девојките облечени во долги свечени фустани, а на другата момчињата во фракови. Ако некое момче сакало да игра со некоја девојка, морал да го замоли за дозвола нејзиниот татко. Елена го запознала својот сопруг на излет, а средбата била со стројници. Веридбата ја прославиле дома, иако многу граѓани ја славеле во Офицерскиот дом. На веридбата Елена ги дарувала сватовите со бовчалоци, а неа сопругот со злато. Пред свадбата девојката одела на бања со другарките, каде што ги послужувала со погача и кашкавал. Свадбата на Елена со Атанасие Атанасиевиќ била во хотелот Бристол. Фустанот на Елена бил изработен од кипер чипка и капче изработено од познатите скопски шапкарки Лујза и Јелена. Свадбените слики ги направиле кај познатиот фотограф Ковалски. За свадбата на Елена, татко и` изнајмил автомобил, украсен со вештачки цвеќиња, со кој се возеле од црквата до хотелот.

Свадбите најчесто се правеле дома. Во дворовите биле поставувани маси. Храната за свадбата ја правел изнајмен готвач, а ја служеле момчиња со бели престилки. За појадок на сватовите се меселе пити и кисело млеко.

staro-skopje-svadba-1
Свадба со музиканти во 20-тите години на 20 век, МГС инв. бр. 715

staro-skopje-svadba-2
Томе Кратовалиев вози младоженци со пајтон во 1930 год., МГС
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.