|
||||
Пешти |
Пешти претставува клисура на реката Бабуна. Клисурата се наоѓа на јужниот излез од Велес, на 5 километри оддалеченост од устието на реката Бабуна во Вардар. Таа името го добила по големиот број на пештери во кои се откриени фосилни остатоци од цицачи стари од 70.000 до 100.000 години пред нашата ера. Пронајдените артефакти од камен упатуваат на доцен палеолит. На високите карпи сè уште живее белоглавиот орел кој речиси е исчезнат од овие простори. Клисурата Пешти е прогласена за карактеристичен природен пејсаж со големи потенцијали за развој на рекреативниот туризам. Бабуна (река)
Бабуна е река, десна притока на Вардар. Таа извира под врвот Солунска Глава на планината Јакупица. Има должина од 65 километри. Има живописна клисуреста челенка, делумно клисуресто речно корито, мали водопади во нејзиниот горен тек. Се храни со вода од поголем број на притоки. Протекува помеѓу планинскиот масив Мокра од левата и планината Бабуна од десната страна. Поради извонредната чистина на водата во Бабуна живеат повеќе видови риби како пастрмка, плашица, бојник, како и речни ракови, кои се често ловени во летниот период. Во долниот тек реката минува низ клисурата Пешти, каде што речните вирови се доста посетени од капачи преку летниот период. |