|
||||
Венијамин Мачуковски составува граматика на македонски јазик |
ВЕНИЈАМИН МАЧУКОВСКИ СОСТАВУВА ГРАМАТИКА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И УЧЕНИЦИТЕ УСПЕШНО ЈА ИЗУЧУВААТ (“Објава за Бугарската граматикана Македонското наречие”,16 септември 1872 во Кукуш) “Изучувањето на Бугарската граматика во македонските училишта е еден од најтешките предмети за учениците, заедно со тоа е и најбестолковен.Тој им одзема доста долго време, и тоа не им пречи пак да немаат поим од граматиката. Тоа произлегува од несообразноста во граматичките форми на досегашните издадени бугарски граматики со оние на македонското наречје. Тоа ми даде повод од време уште да обрнам внимание врз нашето наречје и да го подведам под граматички форми и правила. Го имам веќе наредено првиот дел за граматиката, и од успехот што го покажаа учениците во изучувањето на овој предмет по моите записки, наполно се убедив во постигнувањето на мојата цел. За да им дадам едно лесно раководство и на другите ученици во Македонија, и да ги избавам своите од препишувањето, се решив да го напечатам овој мој трудец но единствената стапка се средстварта што ми пречат да го направам тоа. Поради тоа се обраќам со покорна молба кон господата учители по Македонија да се погрижат да ми соберат помошти, од кои исклучиво зависи издавањето на мојата книшка. Помоштите се праќаат до мене во Кукуш, придружени со 3 гроша претплата за половината цена на книгата.”
Блаже Конески, Кон македонската преродба, Македонскитеучебници од 19 век, ИИ издание, ИНИ, Скопје 1959, стр. 84-85; Блаже Ристовски, Портрети и процеси, И, Култура, Скопје 1989, стр 178; |