|
||||
„Дека да си, пред Божик зад Божик, дома да си“ |
![]() „Дека да си, пред Божик зад Божик, дома да си“, изложба на македонскиот авторот Владимир Боцев, македонски етнолог, кустос-советник. Изложбата, го прикажува и претставува божикниот македонски обред и ритуали од Бадниковата вечер на 6ти јануари се до Водици обредите до 19ти јануари, кои македонскиот народ традиционално со векови ги почитува и извршува при празнувањето. За прв пат етнолошка изложба за македонските обичаи на Македонците се претставуваат надвор од земјава, а Музејот за прв пат гостува надвор од Македонија. Изложбата, исто така, е и успешно продолжување на соработката меѓу Музејот на Македонија и Етнографскиот музеј во Загреб, по 2004 година кога од Музејот на Македонија во Етнографскиот музеј во Загреб истовремено беа поставени изложбите „Македонскиот народен вез“ и „Руралната архитектура во Македонија“.Нешто потоа од Етнографскиот музеј од Загреб во Музејот на Македонија, нашите уживатели на традиционалната уметност ја посетија изложбата „Хрватски традиционални детски играчки и лицитарски умеења“. Изложбата ќе биде отворена во Етнографскиот Музеј во Загреб до 31 јануари 2010, а ја поставува Музејот на Македонија. Многу фотографии, етно предмети, видео записи, текстови, материјали, каде се претставени обичаите и верувањата на Македонците, материјали кои ги обезбеди Музејот на Македонија, ќе можат да ги погледаат Загрепчани и сите останати посетители. Соработката помеѓу двата музеја се продлабочи и со нивното учество во меѓународниот проект „Карневалот цар на Европа“, финансиран од Агенцијата за култура при Европската унија. К.Л. |