Среда, 23 Јули 2014    PDF Печати Е-пошта
Верувања од село Ваташа

Верувања поврзани со временските прилики

veruvanja

Луѓето во селото биле простодушни и доста набожни, па не е ни чудно што верувале во најразлични природни сили и појави, преку кои ги толкувале нештата во секојдневниот живот.

- Кога паѓал силен град во селото жените превртувале котел наопаку, а исто така и секира со сечилото завртена спроти облаците, за да ги пресече.

- Ако загрмело пред Ѓурѓовден на ден два пред празникот, се верувало оти годината ќе биде неродна, а житото скапо. Ако пак загрмело на две три недели пред овој празник, житото ќе било евтино, односно годината ќе била родна.

- Ако мачка се миела свртена кон исток ќе грее сонце, а ако се мие на запад ќе биде времето облачно, кон југ ќе врне, а ако тоа го направи свртена кон север времето ќе било студено.

- Кога ќе се дигнела маглата времето ќе било дождливо, а кога ќе паднела времето ќе било убаво.

- Кога ќе загрмело се мислело дека Свети Илија по небото туркал бочви и ја тера неговата кола.

- Молњата била стрела од Свети Илија со која го удирал ѓаволот. Било верување дека Свети Илија со гром ако удрел во човек се сметало дека ѓаволот бил во тој човек. Гром удирал во се` само не во коприва, оттаму и поговорката „Гром во коприва не удира“.

- Ако загрмело среде зима значело ќе имало војна.

- Се мислело дека сланата и росата по тревата одат кај добитокот, па затоа не треба рано да се пушта добитокот на паша кога имало роса и слана.

- Кога на небото ќе се појавело божило (виножито), се верувало дека облакот од тоа место пиел вода. Ако некој сакал да си го промени полот, требало да се напие вода од кај виножитото.

- Ако петли пееле навечер значело дека ќе се расипи времето.

- Ако растураш магии навечер значело дека ќе заврне град.

- Мравките кога лазаат било знак дека времето ќе биде убаво, а кога ги немало значело дека истото ќе биде лошо.

-Ако се завртела желка на грб се верувало дека ќе заврне дожд.

- Ако жабите почнеле да крекаат, зимата ќе помине и нема веќе таа година да има зима и мраз.

-Ако на Свети Илија загрмело се верувало дека оревите ќе бидат црвливи.

- Ако некое овошно дрво процветало два пати во годината, се верувало дека зимата ќе биде лута и студена.

- На Бадник ако времето било облачно, ќе имало богат бериќет, а ако било јасно ќе немало.

Верување во растенијата

- Кога краставиците процветуваат и заврзуваат плод, требало прво жена која родила да скине, за да имаат род и да не горчат.

- Бостанот, краставиците и гравот не се саделе во среда за да не ги јадат црви.

- При сеењето на леќа се внимавало да не падне некое зрнце во ралникот од ралото, зашто пченицата ќе била ситна како леќата.

- Кога се садел лук и кромид, прва засадувала некоја подебела жена за да биде дебел лукот и кромидот.

- Од овошните дрвја никогаш не се оберувал целиот плод, туку секогаш се оставале по неколку плода да висат за да се силело и радувало дрвото.

- При носење на овошје со кола или добиток, по патот кој ќе те сретнел се поканувал да земе од плодовите, за да се родат повеќе во годината.

- При берење на овошното дрво секогаш се оставале по четири плода необрани, еден за Господ, да би дал плод и во годината, еден плод за дивите животни и за птиците, еден плод за побирок и еден за некој кој сака да си скине еден плод.

-Едно верување, црешите да не се јадат пред Спасовден и јаболката пред Петровден.

-Под врба не се спиело оти се верувало дека ќе се разболиш од бубрези.

- Оној кој ќе посадел ореово дрво се верувало дека ќе умре кога стеблото ќе достигнело дебелина колку неговиот врат.

-Се мислело дека бршленот е симбол на младоста, па затоа венците на младоженците се плетеле со цвеќе и бршлен, а сватовите се закитувале на капите и шамиите или реверите со цвет и лист од бршлен.

-Се верувало дека носењето на цвеќе на увото го веселело човекот, а носењето цвеќе на реверот го усреќувало човекот.

- При кинење на трендафил доколку некој се боцнел се верувало дека ќе има голема и верна љубов.

- Кога ќе се пресечело дрво се ставало камен врз пресеченото за да не го фати клетва оти го пресекол дрвото.

- Се верувало дека детелината со четири листа носи среќа. Повеќе носела среќа онаа што случајно ќе се најдела, отколку онаа што се барала.

- Капините биле ѓаволско грозје, па затоа не требало да се јадат пред да се проба грозје на Пребражен.

Од книгата „Ваташа“ од Петре Камчевски, Кавадарци 2012 г.

Подготви: Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.