Среда, 10 Септември 2014    PDF Печати Е-пошта
Бржданскиот манастир

BogorojcinaKrasta4

Бржданскиот манастир кој се наоѓал во месноста „Богоројчина краста“ претставува енигма до денешни дни. Податоците за неговото постоење се оскудни, повеќето се од усни преданија. Локалитетот е неистражен и за жал се забележливи дупки од диви копачи кои бараат вредни предмети. За воља на вистината, никому оваа авантура не му донела среќа, но за тоа во друга прилика.

Манастирот кој најверојатно е посветен на Света Богородица се наоѓа на еден рид помеѓу селата Брждани и Свињишта, задскриен од погледите на минувачите кои поминуваат по патот Кичево-Битола. Локацијата е околу 10 километри од градот Кичево. До него стигнавме од селото Брждани. Оддалечен е околу 30 минути пешачење. Може да се стигне само пешки. Искрено, бев доста возбуден од самата помисла што одам на толку свето место. За самото место се испреплетени многу легенди, меѓу кои и за чудната светлина која селаните често пати ја гледале како патува од местото на некогашниот манастир до селската црква или кон манастирот Св. Богородица Пречиста (Кичевска) која се наоѓа на спротивната планина, кон Кичево. Одејќи по тесно козјо патче пред нас се покажаа урнатините од некогашниот манастир. Не е премногу голем. Контурите се јасни, влезот, олтарот... читај повеќе>>>

Насекаде се расфрлени камења. Камењата се варовник и се доста лесни и веројатно погодни за градба. По кажувањата на мештаните, носени се од подалеку, зашто во близина нема такви варовнички карпи. Од местото се пружа прекрасен поглед на течението на Беличка река, а во подножјето на ридот се простира село Свињишта. Природата го одзема здивот. Околу манастирот се забележваат дупки од гробови во кои најверојатно биле погребувани монасите кои тука служеле на Бога. Како што ми кажаа моите пријатели кои потекнуваат од тука, до пред некоја година имало остатоци од фрески. За жал, поради незаштитеност истите се уништени. На нивното место сеуште се заблежува малтер. Малтер има насекаде во внатрешноста на обектот. Приметувам дека кога се влегува внатре, нивото е пониско од останатата околина. Ова укажува дека околното земјиште со време со време се затрпувало додека тука бидејќи било покриено останало на исто ниво. При истражувања има и што да се открие и веројатно може да се оди на длабочина до 1 метар. Всушност тука и се откриени предмети и крстови од страна на мештаните кои се чуваат во селото, но како што реков никому кој се осудил да однесе нешто оттука му се нема случено нешто добро. Света земја. Владее силна енергија на ова место, нема кој неможе да го почувствува тоа. Манастирот е доста стар, сигурно има најмалку 500 години. Неофицијално истиот му бил претходник на денешниот Св. Богородица Пречиста пред да биде преселен. Но ако се знае дека Бржданскиот манастир е изгорен и уништен од Турците (значи после 1385 година), а манастирот Св. Богородица Пречиста е изграден околу 1316-1320 година тогаш оваа претпоставка не е баш најточна. Се знае дека Турците наишле на силен отпор при обидот да го завземат овој манастир. Преданијата велат оти манастирот бил опкружен со бедеми. На соседниот рид исто така се претпоставува оти се наоѓала тврдина. Ова е доста веројатно со оглед на тоа дека од оваа локација се овозможува добар поглед и контрола на значаен пат. Исто така преданијата зборуваат за некакви подземни тунели преку кои монасите бегале пред налетот на Турците. Овој манастир, манастирот Св. Богородица Пречиста и уште еден, трет манастир кој не е откриен но постои според преданијата (се претпоставува дека се викал Св. Никола), оформуваат некаков триаголник. Зошто е ова вака и што сакале со ова нашите предци да обележат, останува енигма. Во близина на овој манастир, во планинскиот венец кој започнува од Баба планина, па преку Илинска (Беличка) планина завршува кај денешното село Подвис, минува стар римски пат, веројатно еден крак од Виа Егнација и понатаму продолжува во насока на Дебар. Така, на некои места кога одите сред густата шума одеднаш ќе излезете на улица, широка по 5-6 метри поплочена со огромни камења. Каде има пат, таму има и живеалишта. Патокази и ден денес се наоѓаат. Како и чудни обележја на околните карпи. За ова во друга прилика. Ќе има и слики и видео запис.  Во близина на манастирот постојат римски гробишта, што само потврдува за континуираното живеење на луѓе во овие села.

Сонцето веќе беше зајдено. Малку тешко ми падна што го напуштам ова место. Линкот со минатото тука е многу силен, пораката од нашите предци многу јасна. Или можеби само јас го гледам јасно она време кое одамна поминало. Како и да е, еве тука ви го пренесувам. Преку зборот и сликата почувствувајте го. Аманет е овие духовни извори да се возобноват. Мудроста тече од душата и срцето, раката ја материјализира, окото ја прима назад. И така од човек на човек, од генерација на генерација, од цивилизација на цивилизација. Можеби е најпаметно сами да го посетите, со добра намера како и јас, ова место и да го видите она што зборовите можат само да го зачнат. Сакам да смогнеме сили да ги обновиме овие светилишта. Посебно ако се знае дека и Христијаните и Муслиманите од Кичево и регионот имаат подеднаква почит кон нив. На крај на краиштата за исто се молиме, а нашите заеднички предци ги граделе. Да ја најдеме и продолжиме нашата врска со минатото кон иднината, зашто баш ова е тоа што сме ние самите! Без него сме никој и ништо. А знам дека ќе го направиме вистинскиот избор. За нас и генерациите после нас.

 Види снимки од местото:

-http://www.youtube.com/watch?v=9oWaoNbJAi0
-http://www.youtube.com/watch?v=ZF1QySx9Odc
-http://www.youtube.com/watch?v=atMEarJ_dKM
-http://www.youtube.com/watch?v=ebb3zWTr4ZU
-http://www.youtube.com/watch?v=-P9bw4o5nfs
-http://www.youtube.com/watch?v=ZV3nRwejnjY 

PS- Во книгата на впечатоци добив интересна порака: „ daj be nesto stavi na blogov,veke edna nedela stoi istoto.Vidi tamu stavi i nekoja slika ova ne odi vaka..Ova svatigo kako sakas..
Pozdrav

Го сватив КРАЈНО ПОЗИТИВНО! Навистина ми значи што некој искрено редовно го чита и цени ова, што не сум сам и споделуваме некои работи. Без гајле, „музите“ ми ги немаше минатава недела. Како и да е, се извинувам и уште еднаш апелирам слободно да се вклучите во уредувањево. Праќајте што имате Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , коментирајте, барајте... А пораката погоре многу ми значи и ама баш ништо од таков тип пораки не сваќам негативно. Напротив!

brzdanski-manastir-1
Ридот

brzdanski-manastir-2
Поглед од местото

brzdanski-manastir-3
Природа која го одзема здивот

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.