Среда, 01 Октомври 2014    PDF Печати Е-пошта
Легенда за името на Преспа

prespa

Кога сакаме да зборуваме за Преспанското Езеро, мораме да појдеме од котлината затоа што е тоа продукт на природните случувања во неа и нејзин составен дел. Преспанската котлина се наоѓа во западниот дел на етничка Македонија, а после делбите во 1912/13 год., на крајниот југозападен дел на Реублика Македонија. Делбите почнале на карта 1912 год., а практично на терен завршиле во 1924 год.. Така сега од вкупната површина на хидролошкиот слив на Преспанска Котлина 1350,00 km² припаѓа на:

  •          Република Македонија дел со површина од 761,6 km², или 56,42 %
  •          Република Грција дел со површина од 321,6 km²,или 23,82%
  •          Република Албанија дел со површина од 266,8 km²,или 19,76%

Легенда за името Преспа

На местото на денешното убаво Преспанско Езеро, според легендата се простирало широко плодородно поле. Во близината на ридот имало седум кладенчиња, кои никогаш не замрзнувале. Нивните бистри води биле гордост за цела долина. Навечер кладенчињата со чепови (цифуни) се затварале. Во тоа време, две племиња, непрестано војувале за убавата долина. Ќерката на кнезот од едното племе Преспа, била многу убава. Таа секоја вечер одела под ридот, до кладенчињата, по вода. Еднаш, кај кладенчињата Преспа го видела синот на кнезот од другото племе. Нивните погледи се сретнале. Срцата им затрепериле. Се родила љубов. Оттогаш, младите почнале скришум да се сретнуваат. Една вечер, младиот син на кнезот кој се викал Лабид, ја чекал убавицата недалеку од кладенчињата. Таа стрчала, неосетно му се приближувала убaвата девојка, лесна како срна. Таа стрчала, намерно ги извадила седумте чепа од кладенчињата и водата бликнала на долж и шир по долината... Кога ја видел младиот син на кнезот, со неколку скока ѝ го попречил патот и се нашле лице в лице ... Се фатиле за раце и тргнале кон ридот. Се качиле на врвот. Се прегрнале и паднале во љубовна игра. Шумолењето на водата и љубовната игра ги успала двајцата млади. Кога се разбудиле, во раните зори, пред нивните очи светнало едно сиво-зеленикаво езеро ... Дотогаш, стражарите на двете племиња ги известиле своите кнезови за покачувањето на нивото на водите и тие, племињата тргнале на пат - едното тргнало на југ, а другото се населувало во полите на Галичица... Лабид ја прегрнал Преспа и бакнувајќи ја, му рекол: “Сега нема за што да војуваат нашите племиња!“ Младите стапиле во брак, а настанатото езеро, во чест на убавицата се нарекло Преспанското Езеро а населбата околу него го добила името Преспа.

Втора легенда за Преспа

Во градот Преспа живеел богат трговец кој имал ќерка-единачка. Девојката била на 15-16години, со убави очи, руса коса, и достојна става.

Нејзината убавина, носијата и раскошниот накит ја правеле уште попривлечна, секој што ке ја видел го запленувала, таа била гордост на родителите, како и на градот. Кога нејзините родители биле најбогати и најсреќни, таа умрела.

Градот и приредил величествен закоп, облечена во свила, со многу злато и сребро која целата ја обвиваа во сјај.

Двајца од гробарите се договориле вечерта да ја откопаат мртвата, и да ги земат сите скапоцености.

Ја исфрлиле земјата ја извадиле, и ја скриле во црквата, вечерта на сон им се јавила..и ги молела да и го вратат нејзиното. Утредента пак заминале во црквата со цел да и го извадат златниот синџир од вратот, но тој не се кинел, решиле да и го пресечат вратот..

Таа паднала, и се разбудила, кога виделе гробарите се исплашиле..

постариот рекол да ја погубат..таа паднала на колена за милостина..помалиот се нажалил и и рекол, ќе се викаш Преспа од денес, зошто ти не беше мртва, туку преспа, заколни се дека никомú нема да говориш за ова..таа се согласила, ја продале како робинка на некој трговец...од тогаш градот го носи името Преспа.

Јасмина Гјоргиевска

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.