|
||||
Смрдеш, село вo Eгејскиот дел на Македонија |
Смрдеш е село вo Eгејскиот дел на Македонија со 573 жители (2001). Селото се наоѓа на 51 километри југозападно од град Лерин и на 38 километри северозападно од Костур, во подножјето на планината Корбец во областа Корешта. Смрдеш е на три километри од грчко-албанската граница. Според месни преданија почетното место на селото било во месноста Селиштето, но по голема чума било изградено на новото место. Селото се споменува за прв пат во османски дефтер од 1530 година под името Исмирдеш со 53 домаќинства. По 1900 година жителите на селото, заедно со жителите на село Дмбени играат водечка улога во борбите на ВМОРО. На 8 спрема 9 мај 1903 година редовна турска војска го напаѓа селото. Причина за тоа е, дека пред повеќе од месец во селото е видена четата на Борис Сарафов. 87 жители (45 мажи, 36 жени и 6 деца) се убиени, 300 куќи се изгорени, заедно со 2 училишта и 19 дуќани. 50 души се ранети, силувани се 35 жени. 1500 души остануваат без покрив. Во 1903 година учителка во селото е Викторија Михајлова од Прилеп. За време на Илинденското востание селото одново е ограбено, мнозина негови жители се претепани, а на други им се отсечени ушите. „турците го изгореа, го изгореа два пати зашто селото беше комитцко. Оттаму имаше многу војводи - Васил Чекаларов, Пандо Кљашев и други имаше... Имаше многу отепани, над сто души. “ Во 1903 година во куќата на смрдешкиот жител Иљо Истанин, Лаки Поповски создава нелегална леарница и склад за бомби, преместена по опожарувањето на селото во Дмбени. 1911/1912 година во Смрдеш има 209 куќи со 989 жители и функционира училиште со 3 учители. За време на Балканската војна 42 души од Смрдеш се вклучуваат како доброволци во Македоно-одринското оолчение. Во војната селото е окупирано од грците. По Првата светска војна многу жители на Смрдеш се селат во Бугарија, САД, Канада и Австралија. Во 1906 година во Медисон, Илиноис преселените од Смрдеш создаваат свое благотворно и просветно друштво наречено „Пандо Кљашев“. Селото страда за време на Втората светска војна, а за време Грчката граѓанска војна сите жители се селат во Југославија и другите социјалистички држави. В преброяването от 1951 година е обявено за запуснато. Покасно грчките власти населуваат номадски влашки семејства. Пописи: • 1913 - 1 488 жители
Превземено од Aegean Macedonia - Егејска Македонија |