Среда, 19 Ноември 2014    PDF Печати Е-пошта
Во Сиднеј премиерно се изведе драмата „Ограда - The Fence"

ПОВИК НА ХУМАНОСТ И СОЖИВОТ

the-fence

Минатиот петок, 14 ноември, во театарот на Hurstville Entertainment Centre во Сиднеј, се одржа премиерата на „Ограда - The Fence" од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу во изведба на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. На преставата присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Австралија, Г-дин Веле Трпевски.

„Ограда“ на сите присутни им остави длабоки впечатоци, не само за изведбата, режијата и сценската поставка туку и за интригите што настануваат во соседството покрај оградата каде многу дејствија се случуваат, каде се сретнуваат многу култури, религии, нации но и покрај сето тоа на крајот да се заклучи дека хуманоста не познава граници ниту религии и дека оградата меѓу луѓето е нешто кое постои само во нашите илузиие. Тука авторот толку умешно ни престави карактери кои иако се со различен јазик и култура но ни ги доближи да се преиспитаме самите за нашите предрасуди и желбата за какво општество и иднина сакаме да створиме во Австралија.

Треба да му се честита не само на Душан туку и на режисерот Стефо што постави на сцена вистинска динамична престава и вклучи актери покрај Македонците и актери од други националности само да се долови вистинската слика на мултикултурна Австралија. Посебни честитки до актерите Стефо Нанцу, Васко Србиновски, Валери Пеовска, Петар Павловски, Иан Шира, Салех Сагаф, Џумана Танана, Есра Танана, Мохамед Танана и Квини Ли кои покажаа професионалност и актерска умешност.

Театарот најави уште три престави, а последните во сабота 22 ноември во 7 часот во Coronation Hall во Arncliffe и сабота на 29 ноември во 5 часот во Македонскиот центар Илинден во Rockdale. 

Иван Трпоски

Фото од МакВидео

ograda2
По изведбата на драмата „Ограда“, артистите се фотографираа со Амбасадорот Веле Трпевски – Хрствил 14.11.2014 год. Бр. 2

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.