|
||||
За еден Лазороски род - од ис сој сме |
Родот Димковци се смета за еден од најстарите и најугледните родови од Лазарополе. Род од кој во подалечното и поблиското минато се регрутирале едни од највидните и најугледните православни свештеници (поради што ќе го добијат презимето Попоски-Поповци исто за родот) и учители во реканскиот крај и пошироко. Се мисли дека водат потекло од основачот на селото Лазар, по кое и селото го добило своето име – Лазарополе. Ова е само една непроверена теза која се врзува со легендата за настанувањето на селото Лазарополе.
Според легендата, Османлиите ја уништиле-запалиле населбата (селото) Главино Село а населените го задушиле, палејќи мокра слама пред влезот на пештерата Калина Дупка. Само Лазар успеал да спаси жива глава од сето население, излегувајќи од другиот крај на пештерата во непосредна близина на денешно Лазарополе (во месноста викана Дупчиња), каде што е подигната новата населба. Населбата Главино Село според некои научници се смета дека e центарот на Мијаците во кој се среќавале на собори првенците-главатарите (или подоцна коџабашиите) на сите дотогаш населби во овој крај. “Советодавен центар”, Главино Село e се до 1467 година кога според дефтерите населбата веќе е пуста ненаселена. Кажувањето за Лазар, во голема мера легендата, кое се пренесувалo од колено на колено во родот Димковци од денешна гледна точка, при немање доволно проверени извори од минатото, не води до заклучокот дека Лазар е само епонимен предок на родот Димковци. Легендата и споменувањето на епонимниот предок Лазар служела како штит кој имал за цел да ја заштити положбата на родот Димковци, пред се од новодојдените истоплеменски мијачки родови, при крајот на XVII век во Лазарополе, пред се од територијата западно од Црн Дрим. Староста на родот ако ја исклучиме легендата и епонимниот предок можеме да ја потврдиме и со положбата на истородовните живеалишта-куќите на родот. Живеалиштат на Димковци се наоѓаат во самата близина на селската црква (читај црквата пред 1832 година) и во близина на стариот центар на селото, од кој што понатаму селото се шири во денешната местоположба. Домовите на Димковци во текот на времињата биле доградувани-проширувани, прилагодувани на потребите, но никогаш не биле темелно рушени. Една од првите темелни реконструкции на куќите во Лазарополе можно е да се случила во 1807 година по големиот пожар кој беснеел во селото за време на празникот Огнена Марија. Тогаш, во Лазарополе изгореле 53 куќи. Основниот материјал за покривната конструкција во овој период е сламата. После овој пожар секоја куќа во Лазарополе добива покривна површина само од дебели плочи, но основата на куќата не била изменета туку само приспособена на новите градежни зафати. Во непосредна близина на црквата и живеалиштата на родот се наоѓа местот викано Оралиште кое има археолошко значење. Од 1950 година Оралиште за македонската археологија преставува средновековна некропола каде што се откриени гробови градени од камени плочи – тип циста, со ориентација исток-запад (Археолошка карта на Република Македонија.Скопје, МАНУ, 1996г.). Во минатото семејствата свите блиски ги погребувале во непосредна близина на своите домови. Оваа пракса ќе се смени со текот на годините. На гореспоменатите гробишта (кај Оралиште) ќе престане погебувањето, поради порастот на населението во XVII-XVIII и од хигиенска потреба ќе се започне со погребување на нова локација, кај денешниот водовод (на оваа локација до 30-те години од XX век од истите причини). Димковци веќе со векови се наоѓаат во стариот центар на селото од каде населбата започнува да се разгранува-шири како од самиот род, кој успеал да ги задржи најзначајните места околу црквата, така и од ново придојдените.
Во прво време негде околу средината на XVII век Димковци се во постојани семејни релации со соселаните од родот на Коштревци, а покасно со нивното доаѓање во Лазарополе ќе ги засилат роднинските релации со родот Кокалевци од XVIII век. Доста интересна е релацијата помеѓу родовите на Димковци и Кокалевци кои што во текот на сиот XIX век ја имаат целата духовно-општествена власт во селото, зајакнувајќи ги своите релации со роднинска поврзаност. Родовите Димковци и Кокалевци од XIX ќе бидат во постојан судир за превласт во Лазарополе со родот Жунгуловци. Иако трите рода биле во роднински врски сепак помеѓу нив имаало отворен конфликт за доминација во населбата кој ќе кулминира по смрта на Ѓурчин Кокалески во 1863 година.
Од гледна точка на родот Димковци, конфликтот со родот Жунгуловци се засновал во однос на зачувување на световната-црковната власт во Лазарополе. Се до 60-те години од XIX црковно-учителската власт во Лазарополе била во рацете на свештеници од родот на Димковци кој во овој период за првпат ќе се соочат со аспирациите на родот Жунгуловци за превласт во црковната власт. Се вели дека јерах Мартин Димкоски Попоски (1800-1870) дозволил неделната утринска литургија (1866 година го сместуваме настанот), по предходни ургенции од страна на неговиот внук Василко Икономов Димкоски Попоски (1848-1934), да ја води неговиот ученик Теофил Аврамов Жунгулоски (1838-1884). Литургијата по картко време била прекината од јерах Мартин, со зборовите: “Ниту ти Авраме ниту пак било кој од твоине, уш‘че од дамнина, незноеше да читат свето писмо ниту да пеет по црковно а камо ли неш‘чо друго црковно работан‘е. Ќа си останете саде едни ОРМАН ПАПАЗИ !”. Овие зборови кажуваат за односот помеѓу двата рода, иако меѓу некои од нив имало добри релации како на пример меѓу Василко Икономов Димкоски и Теофил Аврамов Жунгулоски - тие биле за доброто на македонската црковна самосвест, додека односите внатре во Лазарополе се одржувале на стаклена основа. Изразот орман папази (папази-поп) се однесуавало на неговото црковно пеење и водење литургија, едноставо гласот му бил како некој од шума да вика, од орман - ептен силно и неразбирливо за масата народ во црквата лазороска (буквално значење ПОП ОД ОРМАН). Односите биле толку влошени во еден периот така што гробот-натписот на јерарх Мартин Димкоски Попоски, кој што бил веднш до гробот на Ѓурчин Кокалески, бил заменет со плочата и крстот со натпис дека во тој гроб почива Теофил Аврамов Жунгулоски, а гробот на јерархот Димкоски бил преставен дека е тој на ... оној де орман папази.
Оваа неправда била исправена во денешни времиња, по околу 60 години лажно искачување на тронот кога е во прашање вистинското место и заслуга за населбата. А зашто е тоа направено и од кого немаме намера да си споменуваме, или пак нема да навлегуваме кој и зашто ги УНИШТИЛ двете фрески на Ѓурчин Кокалески и Мартин Димкоски во лазороската црква, за кои еве сите знаат, само ние незнаеме... "Besides some inscriptions and scenes from the Old and New Testaments Dicho has also left us some realistic frescoes showing Kokaleskl and Martin the priest in the women's area of the church high on the right-hand wall.". Туку да си спомнеме мие - ние за Димковци-Поповци за нашите свештеници и учители - даскали, за епонимниот предок Лазар, за првиот наш знаен предок Димко-родоначалникот, за ЈЕРАРСИТЕ Мартин, Серафим, Косто, Танаско и Данаил, за преродбеникот Василко Икономов, за револуционерот Павле Караасаноски и за низа учители кои и ние ги паметиме. автор на текстот Мојсо Попоповски Овој текст го посветувам на |