Среда, 03 Декември 2014    PDF Печати Е-пошта
Стенчевска тврдина е археолошки локалитет кој се наоѓа над селото Стенче

Стенчевска тврдина е археолошки локалитет кој се наоѓа над селото Стенче, во подножјето на Сува Гора, на ридот Градиште, на надморска височина од 730 метри. Според проценките на археолозите локалитетот е стар 8.000 години.

На врвот од ридот се наоѓа зарамнето плато, кое е опкружено со јаки кули и бедеми, градени од камен во малтерна техника. Ископите во археолошкото наоѓалиште Стенче се почнати во 1973 година, а последната фаза е завршена во летото 2007. Според Магистер Драгиша Здравковски од Музејот на Македонија најстариот хоризонт на неолитската населба Тумба Стенче, која се наоѓа западно под селото, на десната страна на реката Вардар, со карактеристичните белосликани керамички форми на садови, датира од 6100-тата година пред нашата ера.

Наодите од најдлабоките досега истражени земјени слоеви од оваа неолитска населба означуваат оти на овој простор постои организиран живот веќе 8.000 години. Луѓето што ја формирале неолитската населба знаеле за архитектура и граделе куќи според големината на семејствата. Пронајдени се орудија и оружја од камен, коска и кремен, секири, длета и разни кремени артефакти. Археолозите откриле и два целосно зачувани пехари од доцниот неолит, неколку интересни, во делови, зачувани човеколики фигурички и друга керамика. Неолитот е еден од најистражените периоди на почвата на Македонија од праисторијата до денес.

stencevska-tvrdina-1
Пронајдените монети во тврдината

Толку многу подвижни наоди, толку многу културни пластови во земјата од најразлични епохи не се регистрирани на ниту еден друг локалитет во Полог, па ниту во поширокиот дел од северозападна Македонија. Според тоа, животот кај Стенче со градски белези се развивал од неолитот натаму низ раната антика, преку римскиот период до средниот век, па и во турско време, без прекин до денес.

На овој локалитет биле пронаоѓани монети и на венецијанските дуждови и белези на трговија водена, веројатно, во 14 и 15 век. Се смета дека постојат повеќе наоди, меѓу кои и големиот железен крст од 5 век, како и низа индиции дека во ископаниот ранохристијански објект во тој период се изведувале церемонии на крштавања. Кога се знае дека само епископ имал право да ги изведува, тогаш може да се заклучи дека Стенче во тоа време бил епископски центар во Полог.

stencevska-tvrdina-2
Дел од археолошкиот материјал пронајден во локалитетот

Во средината на 14 век утврдениот и се уште неидентификуван град веќе се наоѓал во урнатини. Од пронајдената цистерна за вода и просториите за престој на западниот преден дел на овој град ќе треба да се открие неговото име. Археолозите укажуваат дека ископаните објекти треба да се конзервираат, но и оти во натамошните истражувања треба да се пронајде каде се наоѓаат другите камени елементи на христијанската базилика и на градот.

Со ископувањата во утврдениот град, се пронајдени голем број предмети изработени од различни материјали како што се керамички садови, монети, накит, оружје, алати и орудија, датирани од периодот од 4 до 6 век. На просторот на градот се пронајдени и остатоци од згура од топени метали што датира дека тука постоела најмалку една ковачница.

Во една куќа од стариот неолик во населбата кај Стенче е пронајден еден цел архетит на жртвеникот на Големата мајка, познат од скопската анзабегово - вршничка културна група. Овој жртвеник со геометризирани форми ги нема антрополошките карактеристики и претставува прототип, кој натаму продолжува да се развива во средниот неолик задобивајќи други форми Тој жртвеник е репрезентативен и уникатен во корпусот на керамичките форми во македонија и сега е изложен во витрините на Музејот на Македонија.

Вакви градови навистина многу во Македонија. Кој помалку кој повеќе истражен. Но, градот кај Стенче е, сепак, цивилизациски бисер на Македонија, кој зрачи не само во археологијата, туку и во културата.

Наводи:

Mikulči, Ivan (1996) (на англиски). „Medieval towns and castles in the Republic of Macedonia“. Makedonska akademija na naukite i umetnostite.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.