|
||||
Пишаниот збор и аргументите - Наспроти манипулацијата и политичката злоупотреба |
Александар Трајковски Во изминатиот период сведоци сме на големи реформи кои Владата на Република Македонија ги спроведува за подобрување на системот во образованието. Можеме слободно да кажеме, дека во времето на Владата предводена од Премиерот Никола Груевски се спроведени едни од најголемите реформи во образованието. Да се потсетиме дека намалувањето на партиципацијата за Високото образование со кое се овозможи на секое дете, секој средношколец кој сака да го продолжи образованието тоа да може да го стори без притоа родителите да имаат финансиски проблем па како во минатото факултетите да бидат установи за дружење на децата на луѓето од елитата, во време на оваа Влада беше спроведена целосната компјутеризација на образовниот систем и други низа на реформи кои се за доброто на Македонскиот студент. Изминатиот еден месец, Македонската јавност е сведок на една нова реформа и една тешка манипулација која група на странски платеници се обидува да се спротистави и злоупотреби на се што се прави во Република Македонија. Владата, предложи до Собранието да се донесе измена и дополнување на Законот за високото образование со кој се предвидува да студентите кои ќе се запишат во 2015 година ќе имаат обврска да полагаат државен испит кој ќе биде поделен во два дела, едниот на крајот на втората и вториот на крајот на четвртата година. Мал дел од актуелните студенти намерно или ненамерно со помош на неколку “независни” медиуми кои се контролирани од страна на опозициската фондација СОРОС се обидоа во јавноста да ја протнат лагата дека Владата воведува екстерно тестирање за да потоа по неколку објаснувања директно од Премиерот Никола Груевски добијат објаснување што и како се планира со воведувањето на државниот испит. Но и покрај сите објаснувања и кажувања сепак партијата на бомбите во Македонија (СДСМ) на која се и смета и ништо што се гради, прави и спроведува не е во ред ги организираше стечајците, пензионерите, земјоделците и сите други категории на граѓани кои ги предводеа една мала група на студенти и тераат протести, те еднаш, те втор пат, па трет пат, па потоа се формираше студенски пленум кој секако го формираа “големите” професори кои имаме можност да слушнеме дека се занимаваат со се друго само не со пишување на меѓународни признати дела, излегоа да бараат да не се спроведува државниот испит. Мене тука не ми е јасно. Да протестираш за нешто што за тебе не важи, што за тебе нема да се спроведува е исто како пензионерите да протестираат зошто се спроведува екстерно оценување во основното образование. Тука се отвара и уште една теза. Дали студентите кои се дел од партијата на бомбите се толку гласни во барањето да не се полага државниот испит, за да може внуците на транзиционите херои без учење да полагаат на факултетите каде што има “независни” професори кои се дел од партиските тела на истата бомбашка партија? Ако државата нема право да врши тестирање на кадарот кои излегува од високото образование, зошто државата има право да врши оцена на квалитетот на млекото, класирање на тутунот и слично? Зошто на протести не излезат млекарите и да не дозволуваат Владата да врши проценка на млекото, бидејќи млеко си е млеко, или пак да излезат на протести тутунарите и да не дозволуваат Владата да го класира тутунот, бидејќи тутун си е тутун. Владата мора да истрае и оваа реформа мора да се спроведе. Мора да се стави крај на тоа да еден студент има 10ка со макотрпно учење, пишување проекти и истражување а друг студент да има 10ка само затоа што е дел од една политичка младина. Мора да престане оваа манипулација и искористување на студентите за политички цели на партијата која во своето 20 годишно постоење неможе да се пофали со еден спроведен проект, со една спроведена реформа. Македонскиот студент е иден академски граѓанин на Република Македонија и дипломата која ја поседува неможе да биде само едно парче хартија! |