Среда, 07 Јануари 2015    PDF Печати Е-пошта
Нередска Планина

neredska-planina

Нередска Планина, нејзиниот највисок врв Вич е планина во западниот дел на Егејска Македонија. Има меридијански правец на протегање север - југ, а кон крајот на својот масив скршнува на југо-исток.

Нередска Планина ја оградува Пелагонија (Леринското поле) од западната и југо-западната страна и таа се надоврзува на Баба Планина преку превојот Вигла. Сместена е југо-западно од градот Лерин и низ нејзе поминува локален пат кој води кон грчко - албанската граница и областа Преспа. Највисок врв е врвот Вич со 2128 метри надморска височина.

Планината има изобилство од високотревни пасишта, а во подножјето се застапени листопадни шуми (бука, даб, костен идр.) додека кон врвовите се застапени зимзелените шуми.

На падините на Нередската Планина се одвивале голем број историски настани од кои најпознати се битките за време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949). Како доста тешко пристапен терен Нередската Планина долго време служела како упориште на КПГ, ДАГ и НОФ и била слободна територија, пред се и поради помошта на селаните околните села кои биле целосно населени со Македонци.

Во почетокот на воените дејствија на Нередската Планина се стационирале голем број на војници на демократските сили, а тука биле одржани и неколку пленуми и советувања на КПГ. Кон крајот на војната на врвот Вич се одиграла една од најголемите и најкрвавите битки за време на Граѓанската војна во Грција.

Од двете страни на падините на Нередска Планина се сместени повеќе села од кои најпознати се Неред, Ерменско, Вишени и др.

Етничкиот состав на селата е драстично променет особено по завршетокот на Граѓанската војна, кога грчките монархо-фашистички сили поради бесот заради помошта што им ја даде локалното македонско население на КПГ, ДАГ и демократските сили врз него изврши масовни ѕверски убиства, протерувања и етнички чистења.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.