Среда, 07 Јануари 2015    PDF Печати Е-пошта
Суеверија

sueverija-240Ако некој оди зад друг, другиот на онај век ќе го носел на грб.

Ако има во реките многу риби, ќе има голема зима.

Ако си легнуваат кокошките мошне рано, ќе је скапотија.

Ако страгори страчка пред куќата ти, чекај гости.

Ако се истресе кокошката дома, ти чекај гости.

Ако се пошчат кокошките ќе заврни.

Ако касаат многу муите ќе заврни.

Ако сакат некој да го истерат (кога да ти заседне многу), клај му чефлите два три круфца. (парче сол).

Ако пропеј кокошката спроти сонце, је за аир, ако пропеј на другата страна је за лошо.

Ако загрми на Сфети Илија, ореите ќе бидат шупливи.

Ако загрми през Марта, ќе биди ефтино житото.

Ако ти се влечи појасо (кога е опашан), невестата ти гледа по друѓи мажи.

Ако се распаше унечката (опрегачката) на жена, ќе роди некоја жена.

Ако фрли некој камен по мене, ќе се вратам назад коа ќе се вратит камено.

Ако ти се јави сењишче речи до три пати „Господи Боже“, ќе загини.

Ако се топи солта ќе заврни.

Ако јадиш нешто што кокошките го колвали, нема да ти се гледа от коа да си легнат кокошките дури да станат.

Ако се капат чафките ќе фати време.

Ако даиш за душа алишче, на тој век сенка ќе ти држи.

Бели кокошки не фела да имаш.

Во петок сабота и недела не се сечат нокти.

Во куќите има по еден стопанин змеј.

Во торник и сабота не се зафаќа работа.

Душата на умренијо до 40-тиот ден шета секаде, ка’о шчо бил дури бил жиф.

Коа има свејќата, мали тркала на витило, покажува пари ќе земат.

Кокошка не чини да зема невестата от кај шчо је земена, оти кокошката чепкала назад.

Коа да има голема грутка во пепело на угаснатиот оган, покажува зима.

Кој шчо јади многу, даро си го јади.

Коа да грми Свети Илија, ја брка ламјата со кочија по небото, затоа грми.

Коа да шијат на тебе нешчо, треба да држиш конец во устата, да не заборааш.

Коа ќе врни грат, првороден шчо је некој да фрли на двор кација и секира ќе престани.

Коа ќе биди месечината новина, ако ја погледнеш со пари, целијо тој месец ќе бидеш со пари.

Коа е месечинката полна, не треба да погледнеш во неа прво, после во некој човек оти тој ќе падни.

Коа да се крвај месечината је лошо за т..., а коа да се крвај сонцето за Рисјаните.

Ковчего коа да скрца от себе си ќе умре некој.

Курупешќите (лушпите) от јајцата на Поклади и клава на прачка да не апе прес летото болви.

Лазар коа воскреснал, помладата му сестра отишла да го бакни и видела оти смрдел, покрила го со шамијата и преку шамија го бакнала. Господ видел и рекал: „Да не воскреснуват от сега вамо“.

Мачката ако се мие со десната нога ќе опраи времето, а со левата ќе се расипи.

Мрави коа да има во куќата арно је.

На вечер под дрво не стој, оти има секакви надворешници.

На Велигден носа јајце во цркфа, тоа јајце се вика Божарче. После си го донесува дома и стои пред иконата 40 дена, после го закопува во лозе, да не чука градот.

Не лижи ја лајцата оти ќе ти врни на сфатбата.

Не пеј коа да ручаш, от ќе земиш ступка.

Не јади на зајдисонце, оти ќе ти фаќа глаата вошки.

Орлите не пијале вода Богоричните пости (1-15 август) оти му била врзана устата, а пијале само ако нашле на некој камен от дождо паднат.

От Божик до Водица на вечер вода не се пие, оти водата тогај jе леунка.

От леунка нишчо не се вади на двор от зајди сонце до изгреј сонце.

Петлите ако пејат, на невреме ќе се мени времето.

Под стреа на вечер не мочајте, оти тамо има ветрушчина.

Спроти празнико Еремија излегуваат децата со леано, со лопати, со тесла, со маши, чука’и и пеја:

„Бегајте змии, смокои ете го Еремија со крастао’о којнишче, ќе ве исечи, ќе ве испечи“.

Сефте коа заоди детето на даскал (на чисти понеделкник) зема еден симит и го истркалуват, детето трчи по симидо, мајка му вели: Како што трчиш по симидо, така да трчиш и по книгата.

Од Прилеп (запишал Ил. Ив. Шилегаров).

Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.