Среда, 14 Јануари 2015    PDF Печати Е-пошта
Свети Василиј Велики

sv-vasilij-velikiСвети Василиј Велики е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија. Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Православната црква го слави на 1 јануари, односно на 13 јануари, а католичката црква на 2 јануари.

Свети Василиј Велики е еден од најголемите светци на христијанството. Роден е во 330 година во Неокесарија, во Понт, од родители Василиј и мајка Света Емелија, кои двајцата потекнувале од познати и богати фамилии, но уште позначајни по својата христијанска вера и живот. Василиевата баба по татко, Света Макрина била ученичка на Свети Григориј Чудотворец, епископ во Неокесарија, која едвај го преживеала максимилијановотото прогонување на христијаните.

Младоста му поминала во времето на царувањето на царот Константин I Велики (306-337 година). Свети Василиј најпрвин се школувал кај својот татко, кој бил реторичар во Неокесарија. По смртта на неговиот татко во околу 345 година, тој го продолжил понатамошното школување во Неокесарија Кападокиска, каде школски другари му биле Григориј Назијанин и Јулијан Апостата. Од Кесарија Свети Василиј заминал за Цариград, каде кратко време учел кај елинскиот ритор Ливаниј, а потоа во 352 година заминал во Атина. Таму ја проучувал филозофијата, дијалектиката, реториката, астрономијата и медицината. За Василиевото образование најдобро сведочи неговата големаерудиција, која се сретнува во неговите дела, каде големиот познавач на класиката, Фотиј го става во ранг со Платон и Демостен.

Од Атина повторно заминал во Ерусалим каде на триесетгодишна возраст бил покрстен од страна на епископот Максим во реката Јордан и потоа ракоположен за отец во црквата. Според христијанското верување, Свети Василиј го раздал својот имот на сиромашните и тргнал во 357 година кон Александрија, Египет, Палестина и Месопотамија, учејќи го монаштвото. Во областа на монаштвото оставил и многу поуки. Зборувал и пишувал прекрасно за покајанието, пороците и добродетелите, смртта и воскресението на душата, спасението. Во Египет останал кај архимандитот Порфитиј каде се задржал околу една година. Потоа го посетил и Ерусалим. Во 360 година бил поставен како ѓакон, а подоцна и како свештеник.

Во 370 година Свети Василиј станал епископ по смртта на Евсевиј. Погледите на заштитниците на Никејската вера се свртиле кон Василија. Против неговиот избор за Архиепископ на Кесраија Кападокијска биле аријанските еретици, бидејќи се плашеле од неговите храбри проповеди и разобличувања. На оваа должност, според христијанството, Свети Василиј често пати испраќал кон верниците канонски поуки и совети, кои подоцна станале канони за целата црква, изградил многубројни болници, старечки домови. Мирот во црквата, Свети Василиј не го доживеал и покрај тоа што нему му се препишуваат најголемите усилија за Вториот вселенски собор во Цариград 381 година, каде се донело одлука против сите ереси и раздори против кој Василиј се борел.

Починал на 31 декември 378 година, и свечено бил погребасн на 1 јануари 379 година, ден кога се слави и неговиот помен. Дел од останките на Свети Василиј се наоѓаат и во црквата Свети Кирил и Методиј во Струмица.

Во црковните богослужби најчесто е нарекуван “пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците“. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.