Македонски легенди

Михаил Апостолов – Попето

Mihail popeto

Mihail popetoМихаил Апостолов – Попето  (1871 – 21. III 1902)  е македонски револуционер и прв војвода на агитационо-организациска чета на ТМОРО. Познат како Михаил Постолов, Попето и Черкез Михаил, тој бил близок соработник на Гоце Делчев. Со својата чета 7 години дејствувал во Гевгелиско, Воденско, Горноџумајско, Демирхисарско, Ениџевардарско, Кукушко, Малешевско, Пијанец, Поројско, Серско, Солунско и Струмичко. Имал непосредна улога во формирањето на четите на војводите Марко, Христо Чернопеев, Крсто Асенов и др.

Михаил Апостолов е роден во 1871 година, во селото Дикања, Перничко, Бугарија. Израснува во сиромашно семејство. Неговите родители биле македонски бегалци од селото Бистрица, Горноџумајско (ден. Благоевградско). Мајка му починала, а татко му го испратил во Софија, каде завршува трети клас во Софиската гимназија. Бидејќи немал средства да го продолжи образованието, Попето долго скита зафаќајќи се час за една, час за друга работа. Влегол во Бугарската армија, каде стигнал до чин подофицир. Ја напуштил армијата и работел како стражар во коњичката полиција во Софија, за да потоа  конечно го најде своето место во редовите на дејците на ослободително дело на Македонија.

Во 1895 година, кога Трајко Китанчев на чело на Македонскиот комитет во Софија го подготвувал Мелничкото востание, тој ја напуштил службата и тргнал во Македонија со струмичката дружина која ја предводел Петар Начев. По завршувањето на акцијата, Попето се враќа во Софија каде се сретнува со Гоце Делчев, кој во овој период ги организира првите чети на ТМОРО и бара опитни луѓе во воената вештина кои треба да влезат во Македонија. Истата година, Попето како поранешен подофицер на бугарската армија бил меѓу првите луѓе кој се вклучил во редовите на ТМОРО. Надарен и начитан, со бистар ум, Михаил Апостолов – Попето брзо ја разбрал положбата и задачите, па набрзо се зафатил со работа.

Во 1897 година, Попето влегува за прв пат во Македонија како војвода на ТМОРО, со чета од седум луѓе кои сите имаат воена подготовка. Четата предводена од Попето, во која меѓудругите се наоѓаат Васил Чочов (Берово) и Никола Петров Русински (Русиново), дејствува не само во својот реон Малешево, туку и во Кочанско, Радовишко и Струмичко.  

На 20 јули 1897 година, заедно со четата на Гоце Делчев убиваат четири Черкези во селото Бујковци. На 14 септември истата година, Попето го пленува богатиот Турчин Назлам бег од Струмица, при што појавува особена снаодливост. Наредната 1898 година, со четета која веќе броела 13 души, тој ги обиколува Серско и Кукушко.

Во 1899 година, Попето како близок соработник на Гоце Делчев и негов придружник, бил во обиколката на Пиринско, а потоа Воденско и Ениџевардарско, каде ќе се сретне со Илија Крчовалијата, Иван Карасулијата и Апостол Петков. Во февруари 1900 година Попето поминал со четата која брои 15 – 20 луѓе низ гевгелиското село Оризари, а потоа се префрла во Кукушко. Води борби со турскиот аскер кај селото Д’мбово, на планината Кожув и на други места. Истата година, тој продолжува со своите обиколки по Македонија и ја посетува Тиквешијата.

Во 1901 година, Михаил Апостолов – Попето со четата, во која се наоѓале Петар Јуруков и Михаил Герџиков, го посетиле селото Сборско. По предавството на гркоманите, набргу четата од десетина души била опколена од турската војска и започнала борба во која загинал Тодор Тетовчето, а Јуруков и Попето биле ранети.

Седум години Попето бил недофатлива сенка. Преправен како овчар, просјак, селанец или граѓанин, тој одеше по планините, колибите, селата и градовите. Сам или со вооружена чета, тој бил толку претпазлив што Турците за него дознавале дури откако ќе си заминал и бил надвор од секоја опасност.

Сепак, по седум години успешно избегнување на потерите, Турците дознаваат за неговото движење, кога по налог од ЦК на ТМОРО, Попето со четата заминал за Петричко. Силна турска потера ја стигнала четата и започнала борба со неа меѓу селата Чугунци и Гавалјанци. Во борбата која се развила на 21 март 1902 година, загинал Михаило Апостолов – Попето. Погребан е во дворот на црквата во Гавалјанци.

Михаило Апостолов – Попето бил најголемиот по значење ученик на Делчев и тој е првиот војвода на агитациско-организациска чета на Македонската револуционерна организација. Со својата чета седум години дејствувал во Гевгелиско, Воденско, Горноџумајско, Демирхисарско, Ениџевардарско, Кукушко, Малешевско, Пијанец, Поројско, Серско, Солунско и Струмичко. Имал непосредна улога во формирањето на четите на војводите Марко, Христо Чернопеев, Крсто Асенов и др.

Всушност, во неговата повеќегодишна дејност како негови ученици минуваат редица дејци на Организацијата меќу кои: Марко Лерински, Атанас Бабата, Михаил Герџиков, Никола Дечев, Петар Јуруков, Делчо Коцев, Петар Самарџиев, Никола Жеков, Андон Ќосето и други. Неколку месеци со него поминува и Христо Чернопеев кој подцна предводи сопствена чета. Во неговата чета бил и учителот Михаил Чаков, кој од 1901 до 1908 година предводи различни чети од Македонија. Слободно може да се каже дека Попето бил родоначалник на агитациско-организациските чети. Тој успеа да изврши такви дела што неговото име станува бесмртно во историјата на македонското револуционерно дело.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top