Македонски легенди

Д-р Константин Станишев

Dr Konstantin Stanishev

Во времето на нацизмот д-р К. Д . Станишев се изразил јавно и во печатено издание за заштита на Евреите. Тоа се случило пред познатите настани со кои е спречен транспортот на бугарските Евреи во логорите на смртта, а е поврзано со имињата на Димитар Пешев и патријархот Кирил.

Dr Konstantin StanishevКонстантин Димитров Станишев (1877 – 1957) е лекар интернист, припадник на македонската емиграција во Бугарија. кој до 1944 година е активен како политичар, општественик и масон.

Константин Димитров Станишев е роден 1877 година во Кукуш. Неговиот дедо е познатиот македонски преродбеник Нако Станишев. Со основно и средно образование се стекнува во Кукуш и Солун, во познатата Солунска машка гимназија. Студира и завршува медицина во Женева, а потоа две години специјализира во Берлин. По завршувањето на специјализацијата се враќа во родниот Кукуш, каде во текот на десетина години енергично работи да го постави здраството на современи основи. Во градот тој ја отвара првата и единствена апотека, а негови пациенти му биле од Кукуш и Солун, од каде потекнува и неговата сопруга.

Под влијание на неговиот братучед Христо Станишев, д-р Константин Станишев се вклучува во конспиративна дејност за ослободување на Македонија. Османлиските власти го фатиле и го затвориле во Солунската зандана Беаз Куле. Во 1907 година бил осуден на смрт, но со помош на католичката заедница која извршила силен притисок преку европските преставници во Солун, д-р Константи Станишев бил ослободен. Неговиот дедо Нако Станишев испраќал писма до Папата, иако Станишеви биле православни.

По Младотурската револуција во 1908 година, како и многу други членови на Македонската револуционерна организација кои стануваат легални се вклучува во активностите на Сојузот на бугарските уставни клубови. На вториот конгрес на организацијата бил избран за претставник на Солунскиот вилает во Сојузниот совет.

Во текот на Втората балканска војна во 1913 година, по опожарувањето на Кукуш од грчката армија, д-р Константин емигрира во Бугарија. Живее во Софија и работи како воен лекар до 1919 година. по што беше назначен за главен лекар во системот на поштите. Тој е еден од пионерите кој работи на организираната рекреација на телеграфо-поштенските работници. За таа цел д-р Станишев ја обиколува земјата одбира места со поволните климатски и балнеоложки услови. Така се создаваат одморалишта во Банки, Вршец, “Свети Константин и Елена” и др. Првично тие се опремени со големи воени шатори, а истовремено била започната изградба на масивни згради. Во многу од случаите при лекувањето на македонски бегалци д-р Константин Станишев сам ги сносел трошоците.

Д-р К.Д. Станишев секогаш бил општествено ангажирана личност. Тој бил избран за пратеник во парламентот за два мандати (22 и 23 Народно собрание). Познавањето на турскиот, грчкиот, француски и германскиот јазик му овозможува да учествува во решавањето на проблемите со воените затвореници и континуирано да се грижи за судбината на своите македонски сонародници. По Првата светска војна тој учествува на Конгресот за мир и на други меѓународни средби во Женева (ОН), Брисел, Париз, Лондон, Прага, Виена, Загреб.

На 16 април 1925 година, на ден Велики четврток, тој ќе го преживее атентатот извршен од левориентираните комунисти членови на Воената организација и БКП во црквата „Св. Недела“ во Софија.

Од февруари 1925 до февруари 1934 година, д-р Константин Димитров Станишев е претседател на Македонскиот национален комитет на македонските емигрантски организации чија девиза е Македонија на Македонците и има за цел да ја воздигне Македонија во нејзините географски и економски граници во Независна држава под покровителство на ОН. Со цел да ја популаризира идејата во западниот свет, д-р Станишев воспоставил и влијаел врз Анри Пози, Жорж Десбон, сер Едвард Дојл, Болеслав Тахауер и други да пишуваат за македонското прашање и Македонија.  Исто така, самиот тој пишува на оваа тема.

Исто така, д-р Станишев е член-основач на Македонскиот научен институт. Има значителен придонес за издавање на уникатниот и богат со содржина албум-алманах “Македонија” во 1931 година. На 12 февруари 1933 година учествува на Големиот македонски собор одржан во Горна Џумаја, Пиринска Македонија, и го потпишува Повикот кон македонскиот народ во кое македонското ослободително движење промовира Независност на Македонија.

Д-р К.Д. Станишев, како и неговиот стрико Константин Наков Станишев (1840 – 1900), македонски деец кој за време на Руско-турската војна бил во служба на рускиот Кнез Дондуков – Корсаков, бил масон и во 1939 година по смртта на претседателот на масонската ложа во Бугарија генерал Петар Мидилов, бил назначен за наследник на Великиот мајстор. За жал, иако правеа се што беше во нивна моќ, како и другите македонски масони кои биле во склоп на српските и бугарските масонски ложи, и тој не можел да направи многу за македонското осамостојување.

Во времето на нацизмот д-р К. Д . Станишев се изразил јавно и во печатено издание за заштита на Евреите. Тоа се случило пред познатите настани со кои е спречен транспортот на бугарските Евреи во логорите на смртта, а е поврзано со имињата на Димитар Пешев и патријархот Кирил.

Во 1944 година, д-р К. Д . Станишев бил затворен без пресуда и потоа неговото име тоне во заборав.

Починал во 1957 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top