Македонски легенди

Димитар Ацев

114

114Димитар Ацев

Димитар Ацев (15. X 1893 – 9. X 1923) е македонски учител и од 1912 година е деец на Бугарската работничка социјал демократска партија – тесни комунисти (БРСДП-т.с.), која во 1944 година е преименувана во Бугарска комунистичка партија (БКП) Бил учител во струмичкото село Босилово и во Петричко, Пиринскиот дел на Македонија Во месното читалиште основал аматерски театар, оркестар со кој диригирал, а бил основоположник и на фудбалската игра во градот. Бил соработник на “Работнически вестник“. Во Септемвриското востание (1923) бил командир на чета во Горноџумајскиот востанички одред “Христо Ботев“. По поразот бил уапсен, злоставуван и обесен во центарот на Горна Џумаја.

Димитар Ацев (Шуманов) е роден на 15/29 октомври 1893 година во Берово, град сместен под падините на Малешевските планини. Тој е роден во печалбарско семејство и завршил Скопското средно педагошко училиште. По завршувањето на училиштето работел како учител во струмичкото село Босилово (1913-1914) и во Петричко.

Уште во 1912 година, Димитар Ацев станал деец на Бугарската работничка социјал демократска партија – тесни комунисти (БРСДП-т.с.). Зел учество во Првата светска војна (1914 – 1918), но агитирал против милитаризацијата. При крај на војната, по започнување на пробојот на Македонскиот фронт и поразот кај Добро поле, Ацев зел учество во т.н. Војничкото востание кое започнало на 24 септември 1918 година со цел да се смени актуелната воинствена власт во Софија и да се казнат виновниците за војната.

По завршувањето на Првата светска војна, Димитар Ацев станал учител во Крупник, Горноџумајско (ден. Благоевградско), каде што предавал во учебната 1920-1921 година. Таму основал група на БКП и од април 1921 година бил секретар на Градскиот комитет, а подоцна и на Окружниот комитет на БКП во Горна Џумаја, поради што бил уапсен (1921).

Во месното читалиште Ацев основал аматерски театар, оркестар со кој диригирал, а бил основоположник и на фудбалската игра во градот. Истовремено бил и соработник на “Работнически вестник“.

Во 1923 година Димитар Ацев учествувал во подготовките за Септемвриското востание. Тој бил командир на чета во Горноџумајскиот востанички одред “Христо Ботев“. Уште на почетокот бил склучен договор помеѓу ВМРО и БКП да не се дига востание во Пиринскиот дел на Македонија, а ВМРО нема да ги спречува во подготовките.

По започнувањето на борбите еден одред од над стотина вооружени луѓе, на чие чело биле Тодор Чопов и Димитар Ацев, тргнале на помош на востаниците кон бугарскиот град Дупница, придржувајќи се до договорот. Откако биле известени дека прекинал бунтот во Дупница, одредот се поделил и една група заминала за Разлог, а другата за Горна Џумаја.

Меѓутоа, некои од комунистите не го испочитувале договорот, особено во Разлошко, каде востаниците предводени од Владимир Поп Томов на 23 септември 1923 година го завземаат Разлог поранешна Мехомија. Во тие моменти, за да не ја изгуби доминацијата во Пиринска Македонија, ВМРО се вмешува на страната на актуелната власт.

По преговороте со ВМРО голем дел од востаниците го предале оружјето на Организацијата, но некои се повлекуваат и во планините. По задушувањето на востанието учителот Димитар Ацев бил уапсен, злоставуван и обесен. Тој бил обесен во Горна Џумаја заедно со адвокатот Никола Лисичков и нотарот Стефан Велинов, откако ноќта меѓу 9 и 10 октомври 1923 година на старите врби во центарот на градот биле направени бесилки.

Најново од: Македонски легенди

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

To top