Македонски легенди

Лазар Делев

1a1

1a1Лазар Делев

Лазар Делев (1875 – 1938) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Како член на Македонската револуционерна организација извршувал терористички и куриорски задачи. Иако невин, бил упасен и лежел во гевгелискиот затвор и во Едикуле во Солун.Учествувал во Илинденското востание и балканските војни. Со војводата Аргир Манасиев се борел против грчката вооружена пропаганда.

Лазар Делев е роден во 1875 во бојмишкото село Ореховица, Егејскиот дел на Македонија. Бил самоук, па по преселбата во Солун, работел како работник во железничкото депо на Солунската железничка станица. Набрзо станал член на Македонската револуционерна организација, за која извршувал терористички и куриорски задачи.

Во мај 1898 година бил уапсен за убиството на лидерот на гркоманската партија во Гевгелија Христо Цицов. Иако не зел учество во убиството, Делев лежел во гевгелискиот затвор до ноември, а потоа бил затворен во Еди куле во Солун. И покрај притисокот на грчкиот конзул во Солун и солунската митрополија, на 10 август 1899 година бил ослободен, откако судот пресудува дека е невин.

По ослободувањето, Лазар Делев се придружил на четата на месниот војвода Иванчо Карасулијата и учествувал во Илинденското востание, борејќи се во Горноџумајско заедно со Илија Балтов и Христо Саракинов.

Во 1905 година Лазар Делев, познат како Оревски, станал самостоен гевгелиски војвода и заедно со другиот  гевгелискиот војвода Аргир Манасиев се бореле и ги одбиле четите на грчката вооружена пропаганда. Во неговата чета бил и Дељо Василев, кој од 1906 година бил назначен за самостоен гевгелиски војвода.

По избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, тој бил назначен за војвода на партизанската чета број 44 на Македонско-одринското ополчение, која броела 25 борци. Таа напредува по долината на реката Струма со четите на Дончо Златков, Никола Герасимов и Тане Николов. Тој учествувал во борбите кај Осеново, Сенокос и други места, а подоцна бил во Сборната партизанска единица на Македонско-одринското ополчение.

Лазар Делев умира во 1938 година, во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Најнови вести

To top