Македонски легенди

Глигор Смокварски

911

911Глигор Смокварски

Глигор Смокварски (8. V 1914 – 15. III 1974) е претставник на Втората генерација македонски композитори. Во историјата на македонската музика ќе остане забележан како автор на првиот македонски балет „Македонска повест“ (1952). Покрај тоа, напишал уште низа оркестарски композиции и други дела, педесетина композиции за камерни состави, за хорски ансамбли, како и голем број обработки на народни песни за симфониски оркестар. Пишувал и музика за филм. Во своето творештво главно се инспирирал од богатиот македонски фолклор.

Глигор Смокварски е роден на 8 нај 1914 година во малешевското село Будинарци. По завршувањето на основното училиште, станал питомец на Воената музичка школа во Вршац, која ја завршил во 1939 година. Пред почетокот на Втората светска војна, настапувал како музичар во оркестрите во Ниш, Суботица и Белград.

По окупацијата на кралството Југославија, Смокварски бил извесен период подофицир-музичар во бугарска војска. Иако како музичар настапувал за бугарскиот окупатор, тој јавно ја истакнувал својата национална припадност, што се гледа од списокот на бугарскиоте воени власти, каде во графата народност тој е заведен како Македонец. 

По ослободувањето на земјата, Глигор Смокварски дошол во Скопје каде ја продолжува својата музичка кариера. Тој е прв кларинетист и еден од втемелувачите на првиот симфониски оркестар, кој започнал да работи кон крајот на 1944 година, при Радио Скопје. Настапувал и во оркестарот на новоформираната Македонска опера, а потоа се занимавал со компонирање и педагошка дејност. Смокварски предавал обоа и кларинет  во Средното музичко училиште во Скопје. Покрај тоа, тој се занимавал и со мелографија на народни песни (собирање, запишување на народни мелодии), со што ја поставува основата на својот творечки стил. 

Во музичкиот живот во Македонија, Смокварски активно е присутен цели три децении. Првите композиторски обиди, тој ги направил веднаш по завршувањето на Втората светска војна.  Најраните оригинални творечки обиди на Смокварски се забележани во 1944 година, кога го создава своето прво сериозно музичко дело, Фантазија за симфониски оркестар, кое е изведено на крајот на 1944 година под диригенство на Тодор Скаловски, како прв концерт на симфониски оркестар, емитуван на брановите на Радио Скопје.

Во историјата на македонската музика Глигор Смокварски ќе остане забележан како автор на првиот македонски балет „Македонска повест“ од 1952 година. Неговиот втор балет „Болен Дојчин“ ќе го создаде дури по 18 години, во 1971 година. Покрај тоа, во меѓувреме, Смокварски напишал уште низа оркестарски композиции и други дела, околу 50 композиции за камерни состави, за хорови, како и голем број обработки на народни песни за симфониски оркестар. Пишувал и музика за филм.

Во своето творештво Глигор Смокварски главно се инспирирал од богатиот македонски фолклор. Неговите композиции се силно вдахновени со топла народна мелодика. Меѓу неговите дела познати се: Македонска повест, балет (1952); оркестарски композиции и други дела: Фантазија бр. 1 (1945), Скерцо (1951), 11 Октомври, симфониска поема (1955), Рапсодија бр. 1 (1956), Стихија, симфониска поема (1970), Болен Дојчин, балет во три чина (1971); композиции за камерни состави: Гудачки квартет (1954), Дувачки квинтет (1974); за хорски ансамбли и др.; музика за филм („Селскиот учител“, 1953; „Фрески“, 1957).

Во текот на својот живот Смокварски извршувал и други важни функции. Тој бил прв секретар на Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) и др. Неговите дела можат да се сметаат како битно скалило во развојот на македонското музичко творештво. Поголемиот дел од нив во последната деценија на XX век имаа своевидна ренесанса, и се снимени и издадени на носачи на звук. За својата работа, тој е добитник на наградата „11 Октомври” (1973)

Глигор Смокварски починал на 15 март 1974 година во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top