Македонски легенди

Илија Бижев

aea1

aea1

Илија Бижев (10.VII 1882 – 14. XI 1966) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Во 1909 година, бил делегат од Демирисарско, Егејска Македонија, за време на основањето на Народната федеративна партија и зел учество во маршот кон Цариград, заедно со Јане Сандански, Христо Чернопеев, Тодор Паница, Чудомир Кантарџиев, Таска Серски и др. при детронирањето на Абдул Хамид Втори.

Илија Иванов Бижев е роден на 10/22 јули 1882 година во село Крушево, Демирхисарско, Егејскиот дел на Македонија, во револуционерно семејство. Неговиот брат Никола бил еден главните водачи на Македонската револуционерна организација и близок пријател со војводата Димитар Гуштанов  кој загина заедно со Гоце Делчев во битаката во село Баница.

Уште на 18 годишна возраст Илија Бижев станал член на Македонската револуционерна организација и го помагал револуционерниот кружек во Педагошкото училиште во Сер, во кое што учел. Во 1903 година го завршил Педагошкото училиште во Сер и бил избран за раководител на Демирхисарскиот околиски револуционерен комитет.

Тој го помага просветно дело и ја разгранува револуционерната мрежа во својот реон за својата активност бил уапсен повеќе пати и лежел во солунскиот затвор Еди куле во текот на 1905 и 1906 година.

По Младотурската револуција во 1908 година, заедно со Стојо Хаџиев бил делегат од Демирисарско за време на основањето на Народната федеративна партија во 1909 година.

Во април 1909 година, при детронирањето на Абдул Хамид Втори, тој зел учество во маршот кон Цариград, заедно со Јане Сандански, Христо Чернопеев, Тодор Паница, Чудомир Кантарџиев, Таска Серски и др..

По Втората балканска војна и поделбата на Македонија, како многу Македонци приврзаници на Народната федеративна партија кои се борела за запазаување на национално-теруторијалната целост на Македонија, заминал за Пиринскиот дел на Македонија, каде иако бил во рамките на Бугарија, сепак сеуште доминирал Јане Сандански. Заедно со своето семејство и со неговиот помал брат Иван, тој се населил во Мелник во 1914 година.

Илија Бижев учествувал во Првата светска војна и потоа се населил трајно во Петрич. Од 1920 година, тој е член на Постојаната окружна комисија во Петрич. Се занимавал со учителствување и трговија, а исто така бил помошник адвокат и општественик.

Во 1924 година, заедно со Иван Ангов и други, тој ја основал тутунската кооперација „Самуилова крепост“ во Петрич. Тој бил избран за претседател на првиот одбор на директори на кооперативата. Следната година, тој отворил фабрика за тутун со исто име во Софија и бил нејзин прв директор.

Илија Бижев починал во Софија во 1966 година.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Најнови вести

To top