Македонски легенди

Никола Рашајков

1234567

1234567Никола Рашајков

Никола Рашајков – Вишенски (1867 – 4. VIII 1902) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Тој земал учество како член и организатор во сите акции на Организацијата. До крајот на својот живот, Никола познат како Кољо целосно бил посветен на ослободителното дело.

Никола Кољо Рашајков е роден во 1867 година во костурското село Вишени, Егејскиот дел на Македонија. Бил првиот нелегален организатор на Македонската револуционерна организација во селото Вишени .

Во 1889 година, на една свадба во Тихолишта, тој го убил гркоманот Танас, грчки учител во костурското село Шестево, по што избувнала т.н. Даскалтанасова афера, при која биле затворени четворица дејци на Организацијата од Шестево.

Вечерта на 3 август 1902 година, Кољо и Лазар Москов, еден од реонските организатори, по задача на Организацијата влегле во селото Вишени. Меѓутоа, при влез во селото биле забележани од еден заптија кој го чувал собирачот на даноци. Уште истата ноќ било пратено известување за нивното присуство во Костур, Лерин и Крупиште, по што била мобилизирана војската и башибозукот.

Утрото на 4 август 1902 година, селото Вишени осамна блокирано од 3000 души аскер и башибозук дојден од Костур, Лерин и Крупиште. Турската војска ја опколила куќата на Типо Цулев, исто така деец на Македонската револуционерна организација, во која биле сместени Кољо и Лазар и по извесно време започнала долга целодневна битка, 

На почетокот на битката, при обид аскерот да влезе во куќата, загинал Типо, стопанот на луќата и човек предан на македонската кауза. По неговото убиство започнала љута и крвава борба меѓу аскерот и двајцата македонски херои Кољо Рашајков и Лазар Москов.

На почетокот аскерот побарал од Кољо и Лазар да се предадат, но тие одговориле со истрели и борбата продолжила цел ден. Согледувајќи дека нема да може така да ги совлада,  за да го скршат нивниот отпор, војниците ја запалиле околината при што изгореле осум куќи и загинале три мажи и една жена.

За да не се изгорат живи Рашијков и Москов се обиделе да се пробијат. При пробивот Рашајков чија десна рака била скоро изгорена се фрлил меѓу војската и бил застрелан, а Москов бил ранет во коленото и за да не биде заробен се самоубил. Така завршил животот на двајцата видни синови на Македонија.

По неколку дена, кога месната чета влегла во селото, селаните им предале писмо напишано на парче бакалска хартија од Лазар Москов и Кољо Рашајков. Во ова писмо – аманет кој двајцата македонски херои го оставаат за своите соборци, другари и роднини, тие велат:

„Ако умреме, еве што ќе знаете: Ние не умираме од предавство, туку Кољо виде еден заптија на прозорец. Вие оставаме завет за голема претпазливост. Ако е можно, четата да остане надвор кога времето е добро. Типо беше убиен од Турците, бидејќи не ја отвори вратата. Запишете во весниците, дека не жаливме дека ќе умреме од куршум, но лути сме што не ја постигнавме, не ја исполнивме нашата цел – да ја ослободиме татковината. Нека нашите идеолошки другари го остварат овој татковински завет. Знајте другари дека со нас ништо не се губи. Храбро, не плашете се, ќе заврши сè и ќе заблеска слободата, еднаквоста и братството. Храброст, храброст и пак храброст. Многумина се убиени поради арамилак, многу умираат од треска, од сите видови на болести; но сите ние, другари, по идеја треба да умреме во борба со тиранинот на народот. Збогум, Македонијо! Збогум другари и роднини! Да живее револуцијата, слободата, еднаквоста и братството. Долу тиранија, долу ропството, долу Турција! Ние умираме, но доволна ние е награда некогаш да каже народот: Умре сиромавиот за правда. За правда и за народот.“

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Најнови вести

To top