Македонски легенди

Јордан Николов – Орце

8189

8189Јордан Николов – Орце

Јордан Николов Антонов ( 7. I 1916 – 3/4. I 1942) е македонски револуционер, комунистички деец и народен херој. Бил активист на УРС- овите синдикати и член на КПЈ од 1935 година. Ги организирал илинденските излети во 1940 година, поради што бил уапсен во август 1940 година и осуден на две години затвор и лежел во Кикинда, Лепоглава и Сремска Митровица. Со група затвореници, низ прокопан тунел, успеал да избега во август 1941 година и се вклучиле во Фрушкогорскиот НОПО, преку кој се префрлил до Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ во слободното Ужице. Со група партизани, во обид да се префрли во Македонија, наишол на бугарска заседа и по кратка борба загинал. Познат е како Орце Николов и во 1945 година, како еден од првите борци од Македонија бил прогласен  за народен херој на Југославија.

Јордан Антонов Николов – Орце е роден на 7 јануари 1916 година во Скопје, во работничко семејство. После завршеното основно училиште, во 1934 година го изучил кројачкиот занает. Соочувајќи се со тешкиот работнички живот пристапил на синдикалното движење, а во 1935 година станал член на КПЈ. Како активист на УРС- овите синдикати бил член на Меѓуструковиот синдикален одбор и одбор за штрајкови.

Во текот на 1937 година служел воен рок во Загреб, а во пролетта 1939 година се вратил во Скопје, каде пролжил со синдикалните и партиските активноси. Во текот на 1939-1940 година бил секретар на Подружницата на шивачките работници и секретар на Месниот комитет на КПЈ во Скопје и член на привременото Биро на Покраинскиот комитет на КПЈ во Македонија .

Во 1940 година, Орце Николов ги организирал илинденските демонстрации, поради што бил уапсен и осуден. Судот за заштита на државата на кралството Југославија го осудил на две години затвор кои ги лежел во затворите Кикинда, Лепоглава и Сремска Митровица, каде што бил член на Затворскиот комитет на КПЈ.

На Покраинската конференција  одржана на 8 септември 1940 година во отсуство бил избран за член на ПК на КПЈ во Македонија, а на Петтата земска конференција на КПЈ одржана во Загреб од 19 до 21 октомври 1940 година и за кандидат за член на ЦК на КПЈ.

За време на Втората светска војна, додека Орце бил на робија во Сремска Митровица кралството Југославија беше окупирано од фашистичка Германија и нејзините слуги. Неколку месеци по априлската војна и окупацијата, на 22. VIII 1941 година, група од 32 затвореници, меѓу кои и Орце Николов избегале од затворот и се приклучиле на Фрушкогорскиот НОПО (народноослободителен партизански одред).

По извесно време Орце се префрлил до Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ во слободното Ужице, од каде добил задача да се префрли во Македонија за да помогне во организирањето на ослободителното движење.

Бидејќи бугарските окупатори добро ја чувале границата помеѓу нивната и германската окупациска зона на југот на Србија, секој обид за премин на оваа граница бил опасен. Во првиот обид да се премине границата Орце не успеал и се вратил. Вториот обид за премин на границата бил со група партизани на 3 и 4 јануари 1942 година, кај Владичин хан. Меѓутоа и овој пат наишле на заседа на граничната полиција и по кратка борба Орце Николов загинал,

Со указ на Претседателството на АВНОЈ на 29 јули 1945 година, Орце Николов бил меѓу првите борци од Македонија и од Народноослоботелната војска на Југославија прогласен за народен херој.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Најнови вести

To top