Македонски легенди

Јордан Гавазов

3jordan

3jordan

Јордан Ицков Гавазов (1869 – 1899) е македонски револуционер, војвода на ТМОРО. Бил член на првиотн МК на ТМОРО во Прилеп во 1894 година, формиран од Даме Груев. За соработка со прилепскиот војвода Диме Дедото, бил уапсен и затворен во Битола во 1895 год., но успеал да избега и емигрирал во Софија. При престој во Прилеп со Х. Чемков и други двајца комити во 1899 год., биле опколени од турската војска. Откако го убил османлискиот полициски началник што ја предводел потерата, се бореле до последните куршуми, по што се самоубиле.

Јордан Гавазов е роден во Прилеп во 1869 година, во ковачко и револуционерно семејство. Неговиот татко Христо (Ицо или Ицко) го прилагодил увезениот американски железен плуг за потребите на домашното земјоделство, притоа добивајќи уникатен прозивод т.н. македонски железен плуг кој бргу почнал да се употребува во Пелагонија..

Таткото Ицко и синот Јордан биле постојано меѓу личностите кои се спротивставувале на турските власти поради извршените злосторства врз христијанското население, поради што често биле приведувани при спреведните акции на власта во Прилеп и околината.

Јордан Гавазов како млад, силен и бескомпромисен борец против турската власт, станел еден од првите членови на Месниот комитет на Македонската револуционерна организација во Прилеп. Тој заедно со Даме Груев и учителите Александар Хаџи Панов и Јордан Поп Константинов го формирале Прилепскиот комитет на ТМОРО во летото 1894 година.     

Во 1895 година, поради учество во Дреновската афера, соработка со четата на прилепскиот војвода Диме Дедото, која ги ликвидирала беговите зулумџии, Јордан бил уапсен заедно со таткому и бил затворен во Битола.  Во затворот каде бил заедно со Стојан Лазов и Дончо Штипјанчето, дошло до пресметка со Мицко Крстев, по која Мицко преминал во служба на српската пропаганда во Македонија.

Во зимата 1897/98 година, Јордан Гавазов успеал да узбега од битолските зандани и да емигрира во Бугарија. Во Софија се сретнал со учителот Христо Чемков од Штип, кој исто така избегал од прогонот на турските власти.

Во текот на мај 1899 година Јордан Гавазов и Христо Чемков, по илегален пат доаѓаат во Прилепско, додека Харалампи Ѓуров и Стојан Димитров – Акчијата влегле легално. Тие дошле со цел да формираат организациона чета во Прилепско.

Меѓутоа, по доаѓањето во Прилепско комитите не се состанале. Двајцата четници мистериозно настрадале, а при престој во Прилеп, Гавазов и Чемков биле обиколени од турската војска во куќата на Белазелковци. 

При нападот на турската војска Гавазов и Чемков се бореле до последниот куршум. Откако го убиле османлискиот полициски началник Емин ефенди што ја предводел потерата и неколку војници, останувајќи без муниција, тие се самоубиле. Тоа бил пример кој потоа го следеле многу македонски револуционери. 

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top