Македонски легенди

Павел Граматиков

11002

11002Павел Граматиков

Павел Граматиков (1870 – 1902)  е македонски револуционер, Ениџевардарски и Поројски војвода на Македонската револуционерна организација. Во 1901 година бил во Софија и Гоце Делчев го назначил за војвода во областа Порој. Меѓу македонскиот народ кој испеал песна за него бил познат како Кониковски, Павле Капитан и Канатлииски, односно Крилати,

Павел Пејков Граматиков е роден 1870 година во селото Кониково, Егејскиот дел на Македонија. Останал без образование. Како работник во турски чифлик во селото Кушиново, тој бил обвинет за кражба на пари и претепан од Турците. Потоа бил суден во Ениџе Вардар, но набргу бил ослободен од обвинението. Од тој момент, неговото враќање во родното село станало опасно и тој започнал да дејствува сам против Турците. Потоа се приклучил на Македонската револуционерна организација и станал терорист на Организацијата.

Од 1896 година Павел Граматиков раководел со една чета во регионот на Ениџе Вардар. Во 1898 година се населил во Ениџевардарското езеро, каде изградил рибарска куќа среде трска за да се заштити од ненадејни напади. Скриен во Ениџевардарското блато тој бил недофатлив за турските власти.

Во 1901 година бил во Софија и Гоце Делчев го назначил за војвода во областа Порој. Потоа заминал во Македонија со четата на Михаил Чаков и дејствувал извесно време во Поројско со одредот на Станиш Наков.

Меѓутоа, по извесно период со една чета се вратил во Ениџевардарско и се прогласил за окружен војвода. Поради тоа Павел влегол во конфликт со војводата Апостол Петков, а двата војводи ги помирил Аргир Манасиев.

Павел Граматиков убивал арнаути, падари и стекнал слава меѓу македонското население. Подоцна тој се приклучил на четата на Иван Карасулијата и Апостол Петков. Откако им се придружил на четите, неговата сопруга постојано била малтретирана од Турците.

Павел Граматиков починал под неразјаснети околности во Каркаловските колиби во Ениџевардарското езеро во ноември 1902 година. Според некои извештаи, неговата смрт се случила како резултат на несреќа или мочуришна треска. Според други извори, тој бил отруен од Апостол Петков.

По неговата смрт, за да се избегне одмазда, по наредба на Апостол војвода, бил убиен неговиот син – Трајо. Братот на Павле, Дивиниш, кој бил четник на Македонската револуционерна организација, откако не успеал да го убие Апостол, убил друг член на Организацијата и преминал на грчката страна. Синот на Павле, Димитар Граматиков, се населил во Ениџе Вардар и дејствувал како агент од втор ред во грчката вооружена пропаганда во Македонија, а сестрата на Павле, Тодора, се преселила со семејството во Бугарија во селото Горни Воден, Асеновградско.

За Павел Граматиков, македонскиот народ испеал песна, а по неговото име била именувана и македонската организација во бугарското село Равда. Имено, во рамките на Конвенцијата за размена на нселението меѓу Бугарија и Грција, по Првата светска војна, во 1924 година, во селото Равда, во близина на Несебар, се населиле бегалци од Егејска Македонија. Тие главно потекнувале од Куфалово и Бозец, а неколку семејства биле од Киркалово, Зорбатово, Баровица, Рамел, Пласничево, Кадиново и Вехти Пазар. Во периодот 1925-1934 година Македонската младинска организација во Равда, го носи името „Павле Кониковски“

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top