Македонски легенди

Димитар Пинџур

002man

002man Димитар Пинџур

Димитар Пинџур (1884 – 15.09.1915)е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Тој активно учествувал во Балканските војни (1912 – 1913) и е еден од главните организатори на Тиквешкото востание 15 – 26 јуни 1913 година. Негов син е Страшо Пинџур, македонски партизан и харој од Втората светска војна.

Димитар (Диме) Арсов Пинџуров е роден во 1884 година во тиквешкото село Ваташа. Основно образование и двокласна нижа гимназија зацршил во Кавадарци, а потоа го продолжил образованието во Солунската машка гимназија. По завршувањето на школувањето се вратил во Ваташа и извесен период работел како учител во селото Рожден.

Диме Пинџур се приклучува на Македоската револуционерна оирганизација и работел како учител се до моментот додека турските власти не ја откриле неговата активност, Во пролетта 1905 година се приклучил на одредот на војводата Добри Даскалов и на 13 јуни 1905 година  учествувал во битката со турскиот аскер во кавадаречкото село Ресава. Поради неговата револуционерна активност турските власти ја уапсиле и убиле неговата сестра.

Во 1906 година Диме преминал во четата на војводата Апостол Петков, а нешто подоцна во четата на Аргир Манасиев, каде ја вршел должноста на секретар на чета.

По Младотурската револуција во 1908 година, Диме Пинџур се преселил во Гевгелија и станал еден од водачите на Народната федерална партија. Тој се борел против грчката пропаганда на овие простори.

Во 1911 година Диме Пинџур се вратил во родната Тиквешија. Се оженил истата година, но откако започнале репресиите на Младотурците, се приклучил на одредот на војводата Христо Чернопеев. Потоа активно учествувал во Балканските војни (1912 – 1913) во единиците на Македоноскоодринската револуционерна организација (МОРО), основани од страна на Јане Сандански.

Диме Пинџур е еден од главните организатори на Тиквешкото востание (15 – 26 јуни 1913 година) и член на Главниот штаб на востаниците. Неговата мајка Наца Арсова Пинџурова, која исто така беше долгогодишна активистка на Македонската револуцинерна организација, учествувала во востанието и била брутално мачена од Србите.

По задушувањето на востанието, тој со своето семејство се преселил во Струмица, кој и бил предаден на Бугарија, и работел како учител. Во март 1915 година се роди неговиот син во Струмица, а неговиот кум Чернопеев му го даде името Страхил.

Димитар Пинџуров учествувал во Првата светска војна како подофицер на првиот македонски полк во Бугарската армија и починал во битката кај Криволашки 15.09.1915 година. Македонскиот народ му испеал песна.

Неговиот син Страхил (Страшо) Пинџур, подоцна  за време на Втората светска војна ќе биде член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и ќе се бори против бугарската окупација и ќе почине во затвор по ѕверските мачења од страна бугарските окупаторски власти.

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top