Македонски легенди

Јосиф Пречистански

1josif

1josifЈосиф Пречистански

Јосиф Пречистански (1.02.1870 – 4.01.1903) е духовник и македонски револуционер, претседател на Кичевскиот околиски комитет на Македонската револуционерна организација. Тој бил организатор на револуционерно движење во кичевскиот. Крушевскиот и дебарскиот регион. Истовремено собирал народни умотворби и ги објавувал во цариградскиот весник „Новини“. Македонскиот народ во ѓаконот со пушка гледал како на светец  и многу му верувал.

Јосиф Пречистански е роден како Иван Николов Иванов на 1 февруари 1870 година во градот Крушево. Првото образование го добил од таткому Никола Иванов кој бил учител во градот. Потоа образованието го продолжил во Солунската гимназија. За него се грижел Козма Пречистански, кој во тоа време бил на служба во Солун. По завршувањето на 5-тиот клас во Солунската гимназија го напуштил Солун поради болест и станал учител во кичевскиот манастир „Света Богородица Пречиста“.

Во 1888 година, Иван Николов Иванов се замонашил под името Јосиф, а во 1890 година станал ѓакон. Во душата бил вистински поет кој го сакал својот народ. Тој ги собирал народните умотворби од кичевскопт регион главно гатанки, преданија и легенди, пословици, карактеристични зборови, една беседа од презникот Цветници против суевериото и др. Јосиф Пречистански за да го зачува овој дел од македонското културно наследство од заборавот, од 1890 година ги објавувал во цариградскиот весник „Новини“,.

Јосиф Пречистански никогап не го напуштал без потреба манастирот „Света Богородица Пречиста“ кој многу го сакал и кој бил многу важен за македонското дело. Македонскиот народ многу му веруваше на ѓаконот Јосиф, на кого гледаше како на светец.

Јароѓаконот Јосиф имал големи заслуги за македонското национално-ослободително движење во кичевскиот, крушевскиот и дебарскиот регион. Уште во 1894 година Јосиф Пречистански бил вклучен во револуционерната организација од страна на Атанас Лозанчев. Тој беше негов прв активист во кичевскиот регион и организатор на револуционерно движење. Во 1896 година го основа и раководи со првиот окружен комитет во Кичево

Јосиф Пречистански и поп Стефан со пушка во рака му давале пример на народот како треба да се бори за слобода. Во октомври 1897 година, Јароѓаконот Јосиф помогнал во организирањето на првата чета на Македонската револуционерна организација во реонот на кичевско на чело со војводата Дуко Тасев, во која уште биле Јордан Пиперката, Никола Геројски и Јанаки Јанев. Ваква чета основал и во Дебарско.  

Во 1899 година властите го уапсиле и затвориле една година и еден месец заедно со Лука Џеров, свештеникот Тома Николов, Славејко Арсов, свештеникот Стојан од истиот манастир и околу 12-13 други лица. Тие биле предадени од шпионот по име Јане и поминале 8 месеци во затворот во Кичево и уште 5 месеци во затворот во Битола.

По излегувањето од затворот, се вратил во Крушево и станал член на окружниот комитет.

Јосиф Пречистански умрел млад од туберкулоза на 4 јануари 1903 година во својата ќелија во манастирот „Света Богородица Пречиста“, додека работел на документи на Македонската револуционерна организација. Долго време по неговата смрт од колено на колено се пренесувале преданија за него.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top