Македонски легенди

Страшо Пинџур

1Straso

1StrasoСтрашо Пинџур

Страхил (Страшо) Пинџур (3. III 1915 – 4. I 1943) е македонски национален и комунистички деец, првоборец и народен херој. Познат е под псевдонимот Јосиф, Камо. Бил еден од основачите и секретар на студентското друштво „Вардар“ во Белград и еден од основачите на МАНАПО и на Студентската колонија во Охрид, поради што бил прогонуван и апсен. По Априлската војна (1941), како член на Пленумот на ПК на КП во Македонија, дошол во судир со ставовите на Методија Шаторов – Шарло. Бил член на Покраинскиот воен штаб од септември 1941 година, кој потоа станува ГШ на НОВ и ПОМ, и член на ПК на КПЈ за Македонија од јануари 1942 година. Кон крајот на 1942 година бил уапсен од бугарската полиција во Велес и по подолго мачење бил убиен во Скопскиот затвор.

Страшо Пинџур е роден на 3 март 1915 година во селото Ваташа. По смртта на неговиот татко на почетокот на Првата светска војна, во битката кај Криволак, неговата мајка се преселила во Неготино, па затоа за него се грижела неговата баба. Основно училиште завршил во селото Ваташа, а нижа гимназија во Кавадарци. По завршувањето на нижата гимназија, како сирак тој станал државен кадет во Крагуевац, каде што му пристапил на работничкото и комунистичкото движење. Додека бил во Крагуевац учествувал во многу акции на работниците и младината, а потоа заминал за Белград каде студирал на Правниот факултет.

Во 1934 година станал член на КПЈ, а во 1936 година како напреден студент бил член на Акциониот одбор на студентите на Белградскиот универзитет и на Покраинскиот одбор на македонските студенти. Тој е еден од основачите и секретар на студентското Културно-просветно друштво „Вардар“ во Белград, како и еден од основачите на МАНАПО и на Студентската колонија во Охрид.

Додека студирал станал близок пријател на Иво Лила Рибар, еден од организаторите на младинското и студентско револуционерно движење во предвоена Југославија.  Во текот на 1938 година Страшо Пинџур се обидел да замине за да се бори во Интернационалните бригади во Шпанија. Но, дошол до Прага и откако не успеал да фати врска се вратил во Белград.

По завршувањето на Правниот факулте, тој ја зголемил својата револуционерна дејност. Поради неговите активности бил прогонуван и апсен, Се вратил во Македонија и учествувал во обновата на работата на Куминистичката партија во Тиквешијата.

По Априлската војна во 1941 година, како член на Пленумот на ПК на КП во Македонија, дошол во судир со ставовите на Методија Шаторов – Шарло.

Страшо Пинџур од септември 1941 година бил член на Покраинскиот воен штаб, кој во јуни 1942 година прераснува во Главен штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија (ГШ на НОВ И ПОМ). Од јануари 1942 година бил член и на новоформираниот Покраински комитет на КПЈ за Македонија.

Во отсуство бил осуден, а на 18 декември 1942 година бил уапсен од бугарската полиција во Велес. По подолго мачење Страшо Пинџур бил убиен на 4 јануари 1943 година во Скопскиот затвор, заедно со народниот херој Мирче Ацев.

Страшо Пинџур и Мирче Ацев биле прогласени за народни херои на Југославија на 29 јули 1945 година.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top