Македонски легенди

Малина Попиванова

1popivanova

1popivanovaМалина Попиванова

Малина Попиванова (7. IV 1902 – 19. VII 1954) е истакнат македонски и интернационален комунистички деец. Студирала на Белградскиот универзитет, каде што била примена за член на КПЈ кон крајот на 1920 год. По доаѓањето во Скопје била избрана за член на МК на КПЈ. Заради лекување од ТБЦ, заминала во СССР во 1929 год., каде живее под псевдонимот Елена Николаевна – Галкина „Краснаја“. Таа работела како предавач по историја на комунистичкиот универзитет КУНМЗ и била раководител на Југословенскиот сектор. Вршела и други значајни должности во Москва и во други градови на СССР,. Заедно со сопругот Владимир Сакун била опфатена во Сталиновите „чистки“  во 1937 година и две години поминала на заточение во Сибир. Во сите официјални документи секогаш се декларирала како Македонка.

Малина Попиванова е родена на 7 април 1902 година во градот Кочани. Таа е ќерка на македонскиот комунист Стефан Попиванов Македонович, кој во 1908 година заминал во Бугарија и по две години станал член на Бугарската работничка социјалдемократска партија (тесни социјалисти), а подоцна настрадал во Сталиновите чистки.

Малина завршила гимназија во Софија. Во 1919 година, таа била уапсена од софиската полиција и затворена заедно со  нејзиниот татко Стефан Попиванов и нејзините браќа  Цеко и Иван, заради учество во демонстрации и комунистичка дејност.

Набрзо нејзиното семејство емигрирало во Југославија и кон крајот на 1920 година била примена за член на КПЈ. Малина во Белград студирала фармакологија и спроведувала политичка активнос до средината на 1921 година. Потоа со семејството се преселила во Скопје, каде останала до 1924 година.

По доаѓањето во Скопје, Малина била избрана за член на МК на КПЈ и истовремено била секретар на Подружницата на трговските помошници, член, а потоа и секретар на Градскиот синдикален совет на Независните синдикати и активен член и библиотекар на КУД „Абрашевиќ“.

Во есента 1924 година Малина заминала да студира во СССР на Комунистичкиот универзитет во Свердловск. Дипломирала во 1928 година, а потоа се вратила во Југославија како инструктор на Организационото биро на ЦК на КПЈ во Сплит и Загреб.

Есента истата година, Малина учествувала на IV конгрес на КПЈ во Дрезден, каде се сретнала со Кочо Рацин.. Таму била избрана за член на ЦК на КПЈ. Притоа, како професионален револуционер, ја раководела Комисијата за работа со мисиите во Југославија и Женската комисија на ЦК на КПЈ.

Заради лекување од ТБЦ, Малина заминала во СССР во 1929 година. Таму живеела под името Елена Николаевна Галкина „Краснаја“ и работела како предавач по историја на КУНМЗ (Комунистички универзитет за национални малцинства на Запад – образовна институција на Коминтерната, која работеше во периодот 1922-1936 год.) и раководител на Југословенскиот сектор. Вршела и други значајни должности во Москва и во други градови на СССР.

Во 1937 година била обвинета за заговор и била исклучена од партијата. Во Сталиновите „чистки“ таа била опфатена заедно со сопругот Владимир Сакун. Две години поминала на заточение во Сибир, а потоа работела како предавач по историја во Педагошкото училиште во Тјумен. Таа во сите официјални документи секогаш се декларирала како Македонка.

Малина Попиванова починала на 19 јули 1954 година во Тјумен. Посмртно е рехабилитирана. На 28 ноември 1963 година, со одлука на Воениот колегиум на Врховниот суд на СССР, Малина Попиванова и нејзиниот татко Стефан Попиванов Македонович беа политички рехабилитирани.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top