Македонски легенди

Руша Делчева

1Rusha

1RushaРуша Делчева

Руша Делчева (1868 –  9. VI 1945 ) е македонски револуционер, првата жена член на Тајната македонско-одринска револуционерна организација (ТМОРО). Таа е постара сестра на Гоце Делчев и мајка на револуционерите Владимир, Тодор и Туше Чопови. Од април 1895 год. била член на Првиот револуционерен комитет на ТМОРО во Кукуш. Учествувала во соборувањето на детронизираниот султан Абдул Хамид во 1909 год. По изгонувањето на османлиските власти од Кукуш во 1912 год., како доброволка дејствувала на чело на чета на Македонско-одринското ополчение на линијата Кешан– Малгара–Димотика. По палењето на Кукуш во Втората балканска војна во 1913 год., емигрирала во Бугарија, каде што нејзиниот дом бил сврталиште на многу истакнати македонски револуционери.

Марија Николова Чопова (моминско Делчева) е родена во 1868 година во градот Кукуш, Егејскиот дел на Македонија. Таа е ќерка на Никола и Султана Делчеви, постара сестра на Гоце Делчев и мајка на револуционерите Владимир, Тодор и Туше Чопови. Таа се омажила за фурнаџијата Андон (Доне) Чопов.

Најстарата сестра на Гоце Делчев, позната како Руша, била првата жена член на Тајната Македонско-0дринска Револуционерна Организација. Од април 1895 година, таа е член на Првиот револуционерен комитет на ТМОРО во Кукуш, основан од нејзиниот брат Гоце. По заминувањето од Кукуш, Гоце Делчев ја оставил во градот за свој помошник, а нејзината куќа станала центар за илегални активности на организацијата.

Рамо до рамо со другите македонски патриоти, Руша Делчева активно зела учество во борбите за ослободување на Македонија. Извесно време таа била советник на кукушкото раководно тело на Македонската револуционерна организација и курир.

По Младотурската револуција, во 1909 година, со педесетина кукушани, Руша учествувала во соборувањето на детронизираниот султан Абдул Хамид Втори.

За време на Првата балканска војна во 1912 година таа е доброволец во Македонското-одринско ополчение заедно со синовите Тодор, Туше и Владимир, како и со брат и Христо Делчев. Таа е војвода на Кукушката чета заедно со Иван Тошев и учествувала во изгонувањето на османлиските власти од Кукуш. На чело на четата таа дејствувала на линијата Кешан – Малгара–Димотика. По војната била санитарка.

По палењето на Кукуш во Втората балканска војна во 1913 година, таа емигрирала во Бугарија. Прво живела во Софија, а подоцна во Горна Џумаја (денешен Благоевград) каде што нејзиниот дом бил сврталиште на многу истакнати македонски револуционери.

Руша ќе остане запаметена како бестрашна, решителна и силна жена. Како сведок на врховистичките убиства на македонските дејци таа јавно ги обвинила за злосторот кој и го нанеле на македонската борба за слобода, како и на нејзиното семејство, посочувајќи ги нив како нарачатели на убиството на нејзиниот брат Гоце Делчев.

По 1925 година повторно живеела со семејството во Софија. Таа ја помагала и кумунистичката активност на својот син Туше, а нејзиниот дом станал прибежиште на комунистичките дејци.

Според спомените на нејзината ќерка Лика Чопова – Јурукова, пред да почине, Руша одбивала секаква медицинска помош и лекови. На смртната постела таа рекла: “Јас живеев 77 години и за тоа време многу видов и многу страдав. Доста беше. Ќе умрам со тага во душата дека не почекав да ја видам слободна цела Македонија, за која дадовме толку многу жртви“

Руша Делчева починала на  9 јуни 1945 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top