Македонски легенди

Панчо Комстантинов

1pano

1pano Панчо Комстантинов

Панчо Комстантинов (1881 – 1906) е македонски револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација. Учествувал во Илинденското востание во 1903 година. Подоцна станал велешки војвода. Тој не го штедел својт живот и сакал својот реон да го исчисти од четите на српската вооружена пропаганда. Паднал во српската заседа и загинал за време на борбата со четите на војводите Глигор Соколовиќ и Јован Бабунски.

Пантелеј (Панчо, Пано) Константинов е роден на 10 јули 1881 година во градот Велес. Завршил петто одделение во Софиската класична гимназија, по што се запишал на Военото училиште, кое го завршил во 1903 година. По завршувањето на Военото училиште бил распореден како поручник во 13-тиот пешадиски Рилски полк.

Во 1903 година, согледувајќи дека Бугарија нема намера да го помогне престојното востание во Македонија, тој како и многу други Македонци кои биле во бугарската армија ја напуштил војската и се придружил на македонските востаници. За време на Илинденското востание предводел чета од 200 луѓе и водел големи борби со турскиот аскер во Кочанско, на врвот Китка и на Султан Тепе.

По востанието останал во Македонија и продолжил со борбените дејствија против Турците, андартите и српските врховистички чети. Тој бил љубимец на сите четници и на населението.

Во 1905 година, четите на Ѓорѓи Сугарев, Иван Наумов Алабакот, Стефан Димитров и Панчо Константинов во Пореч и Азот, водат серија битки против српските вооружените чети предводени од Јован Бабунски и Глигор Соколов(иќ)

Војводата Стефан Димитров загинал на 5 мај 1905 година над селото Ореше, по изненадниот напад на српската чета предводена од војводата Глигор Соколовиќ. На 20 мај 1905 година во Велес, Убиениот македонски војвода Стефан Димитров, бил заменет со Панчо Константинов.

Панчо како велешки војвода не го штедел својт живот и сакал овој регион да го исчисти од четите на српската вооружена пропаганда. Тој сакал да го подигне Велешкиот на ниво како што бил Битолскиот регион. За таа цел, во текот на 1905 и 1906 година, тој привлекол нови, искусни комити во својата чета, за да може да им се спротистави на српските четници, кои по задушувањето на Илинденското востание, станале многу активни во велешката каза. Неговата чета, во која биле Тодор Дачев и Темелко Наумов, казнила неколку српски шпиони (србомани) и ги зацврстила позициите во повеќе села каде српската пропаганда наишла на плодна почва.

На 19 јуни 1905 година, во селото Степанци, Панчо се борел против српските четници на војводата Глигор Соколовиќ, но се повлекол поради доаѓањето на турските војници. На крајот на јуни 1905 година, војводата Панчо Константинов се здружил со четите на охридскиот војвода Дејан Димитров, прилепската чета на војводата Георги Ацев и кичевскиот војвода Петар Радев – Пашата. На 27 јуни 1905 година веќе се водела битка на Мукос (средишен дел на планината Бабуна) со српските чети на Глигор Соколовиќ и Јован Бабунски, во која војводата Панче Константинов бил ранет.

На 18 април 1906 година, четите на војводите Боби Стојчев и Панчо Константинов биле опколени од турски војници, во манастирот Свети Јован Ветерски (село Ветерско, Велес). Борбата траеше долго, во текот на целиот ден и тие се спасиле со пробивање на обрачот во текот на ноќта. Георги Трајчев кој е македонски револуционер, историчар и публицист, во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), за оваа борба ќе забележи:

„На 17 април 1906 година, четите на скопскиот војвода Боби Стојчев и велешкиот Панчо Константинов се прибрани во манастирот св. Јован, крај селото Ветерско, каде игуменот отсуствувал. Уморени од исцрпувачкиот поход, еден дел од четниците се повлекуваат во собите да поспијат, а другите четници оставени да стражарат… Безгрижниот авантурист Боби, презирајќи го стравот од непријателот, поставил стража само внатре во манастирот, без да постави стража по раскрсниците. Сите заспале, само стражарите биле будни и го обиколувале манастирскиот двор. Околу зори четникот Ц. Андрејчев слушнал од надвор разговор на турски и ги проверил стражарите. Се зазорило и се видела турската потера. Андрејчев ги пробудил војводите, кои виделе дека аскерот зазел позиции околу манастирот. Се разбудиле и четниците кои направиле обид да да излезат при што загинал четникот Крстев. Четниците потоа ги зазеле позициите по одаите и манастирските ѕидови. Бројот на башибозукот и потерата, командувани лично од австрискиот жандармериски офицер, постојано растел. Но, непријателските атаци биле одбивани. На предлогот за капитулација, момчињата одговарале со здружен залп.

Целиот ден минал во жесток бој. Момците ја очекувале ноќта и ги штеделе куршумите, а се служеле и со бомби. Приквечер пристигнале и полски топови. Непријателот кој броел околу 3000 души, го стегнал обрачот. Започнал да паѓа дожд и густа магла ја покрила околината. Околу 9 часот вечерта Тодор Дечев со група бомбаши ја отворил манастирската врата и почнале да паѓаат војници, да паѓаат четници. Бомбите внеле паника кај аскерот и нашите се извлекуваат од бојното поле. Околу зори и двете чети се прикриле крај село Новачани. Во неравноправниот бој паднаа Андреј Варналиев, Александар Латовчето, Христо Багеров, а тешко ранети се: Димитар Какачев и Аврам Братлето. Спасените четници ја најшле смртта во кулата на село Лугунци. Тука загина Скопската чета на чело со Бодле (Боби – н.з.) и велешките четници Димитар Стојанов и Кољо Социјалиста. Панчо Константинов со дел од четата се прибрал во градот Велес.“

Неколку месеци потоа, на 25 јуни 1906 година, одредот на војводата Панче Константинов паднал во српската заседа на војводата Глигор Соколовиќ и Јован Бабунски во близина на Куртово камен (Крапа). Во битката кај Куртов камен биле убиени најмалку 17 македонски комити, меѓу кои и војводата Панча Константинов.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top