Македонски легенди

Ристо Кирјазовски

1risto

1risto Ристо Кирјазовски

Ристо Кирјазовски (6. I 1927 – 3. X 2002) е македонски историчар, учесник во народноослободителната борба и во граѓанската војна во Грција. Бил учесник во ЕЛАС и во ДАГ (февруари 1943 – август 1949). По поразот на ДАГ преминал во НР Македонија во 1949 година, каде се стекнал со високо образование. Најголемиот дел од својот работен век во Архивот на Македонија (АМ) и Институтот за национална историја (ИНИ) го посветил на истражувањата, во најголем дел фокусиран на поновата историја на Егејска Македонија.

Ристо Кирјазовски  е роден на 6 јануари 1927 година во костурското село Граче, Егејскиот дел на Македонија. Со основно образование се стекнал во родното село, непосредно пред почетокот на Втората светска војна.

Пред да наполни 16 години, Кирјазовски се приклучил на комунистичкиот отпор во Грција. Во февруари 1943 година се приклучил на ЕЛАС (Грчката народноослободителна армија), како доброволец. По договорот од Варкиза (12 март 1945 година) и разоружувањето на ЕЛАС, тој станал член на НОФ (Народноодлободител фронт), која е политичка и воена организација на Македонците во Егејска Македонија и била активна во периодот од 1945 до 1949 година..

Кирјазовски учествувал во битките меѓу НОФ и грчките монархофашистички банди, а по 1946 година, кога НОФ се приклучил на Демократска армија на Грција (ДАГ), станал партизан на ДАГ. За време на Граѓанската војна во Грција, како партизан на ДАГ учествувал во повеќе борби кои се воделе на територијата не само во Егејскиот дел на Македонија, туку и во Тесалија. Се истакнал во битката на Вич планина.

Во 1949 година, по поразот на ДАГ, Кирјазовски преку Албанија преминал во НР Македонија Прво работел како службеник во Ресен и Скопје, а по завршувањето на учителската школа неколку години работел како учител. Во 1959 година се вработил во Архивот на Македонија (АМ), а во 1960 година дипломирал на Филозофскиот факултет – Група историја. По стекнувањето на звањето архивски советник, преминал на работа во ИНИ во јуни 1974 година, Во 1978 година бил избран во звањето стручен советник, а три годинио потоа, во 1981 година, докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје на темата „Народноослободителнииот фронт и другите македонски организации во Егејска Македонија 1945–1949“. Наскоро потоа се пензионирал во април 1987 година.

Ристо Кирјазовски  најголемиот дел од својот работен век во Архивот на Македонија (АМ) и Институтот за национална историја (ИНИ) го посветил на истражувањата. Во нив тој се фокусирал во најголем дел на поновата историја на Егејскиот дел на Македонија (1912 – 1949), иако има и публикации кои опфаќаат теми од XIX век. Пибликувал над 150 статии во научни списанија, зборници и весници.

Врз основа на богатата документација на Архивот на Македонија, тој во своите статии  меѓудругото ги обработувал темите: политиката на КПГ кон македонското прашање, целите на НОФ во Егејска Македонија, учеството на Македонците во ДАГ, борбата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија за употребата на македонскиот јазик во училиштата и т.н..

Делата на д-р Ристо Кирјазовски се од исклучително значење за историјата на македонскиот народ, особено за историјата на Македонците во Егејскиот дел на Македонија.

Д-р Ристо Кирјазовски починал на 3 октомври 2002 година во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top