Македонски легенди

Живко Ангелушев

10981

10981

Живко Ангелушев

Живко Ангелушев (1897 – 1979) е лекар оториноларинголог од македонско потекло. Во младите години емигрирал во САД. Во времето на Шпанската граѓанска војна, како доброволец од САД, стигнал во Шпанија во 1937 г. и бил директор на болницата на Шпанската републиканска влада. Како виден американски лекар и општественик од македонско потекло, активно ја помагал НОВЈ и бил еден од основачите и потпретседател на Друштвото на пријателите на Нова Југославија во Њујорк. Во февруари 1946 г. бил избран за претседател на Иницијативниот одбор за изградбата и екипирањето на болницата во Скопје. По Скопскиот земјотрес на 26. 07. 1963 г. ја запознавал американската јавност со последиците од катастрофата и учествувал во испраќањето помош од САД. Се занимавал со истражувања за причините за губењето на слухот и објавил повеќе научни и стручни трудови.

Живко Димитров Ангелушев е роден на 15 јануари 1897 г. во Маглиж, регионот на Стара Загора, Бугарија, во македонско семејство со потекло од драмското село Плевна, Егејска македонија. Тој е брат на уметникот Борис Ангелушев, основоположник на дизајнот на книгата во Бугарија.  Живко учел само еден месец на Семинаријата во Едрене.

Живко учествувал во Првата светска војна и за време на борбите бил ранет. Тој бил на чело на специјалното одделение на VIII Трновска дивизија, која имала за цел да ја утврди точната локација на непријателските батерии со акустичните карактеристики на проектилите што ги истрелуваа. Тоа изгледа влијаше во неговата одлука за неговото понатамошно образование.

По завршувањето на војната Живко прво студирал биологија и физика на Универзитетот во Софија, а потоа во 1920 година студирал медицина во Германија. Во 1925 г. дипломирал и станал хирург во една од областите на Берлин – Нојкелн. Помеѓу 1926/1932 г. тој бил на чело на одделение во тамошната болница. Меѓутоа, тој бил симпатизер на тогашните „прогресивни“ комунистички идеи и во 1933 г. се нашол под лупа на националсоцијалистите. Следејќи ја трагата за настаните во Рајстагот тој бил уапсен и малтретиран. Поради недостаток на докази, тој бил ослободен и се префрлил во париската болница. Под влијание на неговите лични искуства, тој ја напишал книгата „Расно лудило“.

Во 1937 г., поради своите верувања, тој им се придружил на доброволците за одбрана на Шпанската Република, од САД каде во меѓувреме емигрирал и помогнал да се воспостави воена болница во Мурсија. Тој бил директор на болницата на Шпанската републиканска влада. По војната, прво се вратил во Париз, каде продолжил да се грижи за евакуираните ранети интернационални борци, а потоа пред почетокот на Втората светска војна, пред да се блокираат поморските патишта заминал во САД. Напишал книга за Шпанија, „Ein Artz erlebt Spanien“ (Искуството на еден доктор во Шпанија), објавена во Детроит во 1939 година.

Како виден американски лекар и општественик од македонско потекло, активно ја помагал НОВЈ и бил еден од основачите и потпретседател на Друштвото на пријателите на Нова Југославија во Њујорк. На иселеничката конференција во Кливленд во февруари 1946 г., како човек кој никогаш не го заборавил своето македонско потекло, иако израснал во Бугарија, едногласно бил избран за претседател на Иницијативниот одбор за изградбата и екипирањето на болницата во Скопје. Ја посетил Македонија во 1957 г., а по Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 г., ја запознавал американската јавност со последиците од катастрофата и учествувал во испраќањето помош од САД.

Живко Ангелушев се населил во Њујорк и таму специјализирал оториноларингологија, болести на уво, нос и грло. Тој бил научно заинтересиран за влијанието на зголемувањето на бучавата и вибрациите како резултат на урбанизацијата и технологијата во 20 век, кои го загрозуваат здравјето на луѓето. Се занимавал со истражувања за причините за губењето на слухот и објавил повеќе научни и стручни трудови.

Неговото истражување во Копенхаген ќе ја принуди управата да ги намали децибелите во градот. Тој исто така открил дека пробивањето на звучниот ѕид од суперсонични авиони со низок лет може да убие куче. Високите децибели предизвикуваат неповратни промени во клеточната структура на слушниот канал. Погодена е и хипофизата, која има одговорни функции во нервниот систем на човекот. Тој го претстави ова актуелно прашање пред тогашниот генерален секретар на ООН Ву Тан и претседателот на американскиот сенат В. Фулбрајт. Резултатите од истражувањето исто така се земени во предвид од НАСА и се вклучени како фактор во астромедицината.

Д-р Живко Ангелушев станал член на Њујоршката академија на науките, на Светската организација за звук, на Американскиот институт за физика и Меѓународниот центар за борба против бучавата и вибрациите. Тој ги објави книгите „Борба против глувоста“ и „Вибрациона енергија и биохемија на аудитивниот нерв“.

Д-р Ангелушев уживал висок авторитет меѓу Македонците во САД. Колкава била довербата кон него, најдобро говори постапката на македонскиот иселеник Антон Димитров од Гевгелија, кој го го назначува за извршител на неговиот тестамент. „Во Тестаментот се вели дека им одобрува, односно им наредува, на извршителите Д-р Живко Ангелушев, познат македонски иселеник кој уживаше висок авторитет меѓу Македонците во САД и кој беше еден од организаторите и претседател на Одборот за изградба на болница во Скопје, и на  господинот Борис Панов и дека од нив не се бара да дадат никаква гаранција или друго покритие за пожртвуваното извршување на нивните должности, било тоа да е од државата Њујорк или од друго место, да ги платат неговите долгови и погребните трошоци што е можно поскоро. Останатиот негов неподвижен, личен и мешовит имот што го стекнал и поседува или има право на него, или му е доделен со тестамент, вклучително и секоја непозната оставина, ја дава, ја завештува и ја остава во наследство на градот Гевгелија, а им дава инструкции на своите извршители ова наследство да го предадат на главното Извршно тело на градот Гевгелија. Во Тестаментот вели дека наследството мора да се користи само за образовни цели, како што е изградба и подобрување на училишта и библиотеки…“.

Д-р Живко Ангелушев починал на 17 јули 1979 година во Њујорк.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top