Македонски легенди

Никола Макеларски

1iselr22457

1iselr22457

Никола Макеларски – Бецко (1914 – 10. Х 1980) е македонски партизан, комунистички деец, првоборец, сообраќаен инженер. По бегството од германски логор во 1942 година се вклучил како борец во српски партизански одреди, а потоа се префрлил во Македонија. Како искусен командант заминал во Поречието да формира нов партизански одред. Учествувал во разбивањето на четничките сили во Поречието, бил назначен за политички комесар на Дебарскиот НО младински баталјон во 1943 година и учествувал во пробивот на Сремскиот фронт како командант на Првиот баталјон на X V македонски корпус на НОВЈ. Носител е на Партизанска споменица 1941.

Никола Макеларски е роден во 1914 година во Дебар. Основно училиште завршил во родниот град, а во 1938 година вечерен Градежен техникум во Скопје. Како ученик во Скопје пишувал песни на македонски јазик, од кои полицијата му одзела околу 100 песни.

Макеларски бил синдикален активист во УРС-овите синдикати во Белград, Сремска Митровица и Ниш. По отслужувањето на воениот рок, поради комунистичка дејност, бил уапсен и испратен во затворот во Ниш. Таму се сретнал со Јордан Николов-Орце. Додека бил на робија, во весникот „Наша реч“ од 22. IV 1939  година му била објавена песната “Апсана“ .

Воена операција на силите на Оската против Југославија во 1941 година позната како Априлската војна  или Aufmarsch 25, го затекнала Никола Макеларски во Нишкиот затвор, по што бил префрлен во германски логор на Црвениот крст.

На 12 фебруари 1942 година Макеларски избегал од логорот и се вклучил како борец на Нишкиот Народноослободителен партизански одред (НОПО). След тоа влегол во Врањскиот НОПО, а потоа бил поставен за заменик- политички комесар на Мишарскиот НОПО и политички комесар на Озренскиот НОПО.

Во есента 1943 година се префрлил во Скопскиот НОПО и како искусен командант на одред заминал во Поречието да формира нов партизански одред. Учествувал во разбивањето на четничките сили во Поречието, бил назначен за политички комесар на Дебарскиот НО младински баталјон во 1943 година.

Во 1945 година учествувал во пробивот на Сремскиот фронт како командант на Првиот баталјон на XV македонски корпус на НОВЈ. По пробивот на фронтот останал во служба на Генералштабот на НОВЈ во Белград.

По Ослободувањето завршил Воена академија (градежна насока) во Ленинград (СССР, 1946 -1951) и како инженер за истражување на железничките линии и јазли се активирал во Советската армија, каде останал до 1964 година..

По враќањето во Македонија работел во македонски железници – Проектантското биро на ЖТП.

Никола Макеларски – Бецко починал на 10 октомври 1980 година во  Струга. Носител е на Партизанска споменица 1941.

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top