Македонски легенди

Вангел Шамарданов – Илинденски

1tovo1234567

1tovo1234567

Вангел Шамарданов – Илинденски (1921-1948) е македонски партизан учесник во Граѓанската војна во Грција. На почетокот на 1945 година се вклучил во борбата против грчките монархофашисти. Станал член на Окружен одбор на НОФ за Воденско и бил одговорен за финансиите. Исто така бил одговорен за печатот и заедно со Мирка Гинова бил задолжен да формира месни организации на НОФ во Мегленската околија. Со одлука на ГО на НОФ и во согласност на ПК на КПГ Вангел бил поставен за политички комесар на единица на ДАГ. Тој загинал на мистериозен начин

Вангел Шамарданов е роден во 1921 година, во селото Кронцелово, Воденско, во сиромашно земјоделско семејство. Неговиот татко бил убиен во 1922 година од непозната арамиска банда. Основното училиште го завршил во родното село. Но поради немање на материјални средства, тој не го продолжил школувањето.

Во текот на Втората светска војна, по германската окушпација на Грција, Вангел Шамарданов, не пројавувал некоја посебна активност иако бил организиран во КПГ и ЕАМ. Но, по формирањето на Тајна ослободителна македонска организација (ТОМО,) на 20 јануари 1945 година,, Вангел Шамарданов се вклучил во борбата против грчките монархофашисти.

На 23 април 1945 годин бил формиран Народноослофодителен фронт (НОФ), политичка и воена организација на Македонците од Егејска Македонија. По нецели два месеца, на 20 јуни, меѓу селата Кронцелово и Влкојанево била одржана Окружна конференција на организацијата ТОМО, на која во новиот Окружен одбор на НОФ за Воденско во својство на член беше избран и Вангел Шамарданов, познат под псевдонимот Илинденски.

Од крајот на октомври 1945 година, Вангел бил одговорен по финансиите во Окружниот одбор на НОФ за Воденско. Од ноември истата година бил одговорен и за печатот, а заедно со Мирка Гинова бил задолжен да формира месни организации на НОФ во Мегленската околија.

Од втората половина на февруари 1946 година тој заедно со Петре Попов од село Долно Родиво, со одлука на Окружното раководство на НОФ за Воденско, бил испратен во Островската околија да организира месни организации на НОФ, НОМС и АФЖ на овој терен,  а од април истата година станал одговорен за идеолошка работа во Окружниот одбор на НОФ за Воденско. На состанокот на активот на НОФ биле извршени нови промени во Окружниот одбор на НОФ за Воденско и за политички секретар бил поставен Вангел Шамарданов-Илинденски.

Вангел останал на оваа должност се до Земската конференција на НОФ за Егејска Македонија одржана на 20 мај 1947 година, на месноста “Мишови Колиби” на Кајмакчалан. Со одлука на Главниот одбор на НОФ и во согласност на Покраинскиот комитет на КПГ Вангел бил поставен за политички комесар на баталјон на ДАГ на Кајмакчалан, составена од околу 800 борци, од кои повеќето биле Македонци. 

По распоредувањето, Вангел како Македонец се соочил со националистичката и дискриминаторската политика на дел од раководството на КПГ и ДАГ.  Во еден негов извештај, од 30 јули 1947 година, испратен до Главното раководство на НОФ, тој во извештајот меѓу другото напишал:

“…Покрај масовното учество во борбата на Славеномакедонците со 70 до 75 отсто и покрај воената, материјалната и економската помош на ДАГ и покрај големиот развиток на ДАГ во нашиот округ, кој се должи на Славомакедонците и на нивната организација НОФ, постои сериозна болест кај грчките соборци. Никаква доверба и почит немаат кон Славомакедонците иако се овие поборбени, поеднодушни, пореволуционерни, политички и идеолошки поизградени, без никакви двоумења во споредба со грчкиот елемент кај кого постои обратното. За пример може да служат дезертерствата на Грците, додека од страна на Македонците нема такви појави, и доколку ги има тие се безначајни и веројатно се должат на лошиот однос на кадрите спрема партизаните, а кои и вам ви се познати… Постои голем шовинизам кај грчкиот елемент, а тоа е резултат што раководството не се зафати колку што требаше тоа да го искорени. Кај македонскиот елемент не постои шовинизам, тој е исчезнат и доколку постои тој е незначителен…”.

Во есента 1947 годниа Вангел Шамарданов добил наредба од Главниот штаб на ДАГ, заедно со својот баталјон, да замине од Кајмакчалан за Југозападна Егејска Македонија и Епир. На 25 декември 1947 година била добиена наредба да се нападне и преземе гратчето Коница, во Епир. Во огорчените борби за Коница, заедно со својот баталјон учествувал и Вангел Шамарданов. По завршувањето на борбите се дознало дека тој загинал на мистериозен начин.

Од некои искажувања на негови соборци се тврди дека Вангел Шамарданов – Илинденски загинал во борбите на Грамос на 10 август 1948 година како офицер на ДАГ. Но и тоа не е сигурно. Врз основа на разговорот што го водел неколку месеци пред неговото убиство со Павле Раковски, член на потесното раководство на НОФ за Егејска Македонија, односно одговорен по агитација и пропаганда во ГО на НОФ, постои сомневање дека тој бил ликвидиран од неговите  соборци. Меѓудругото, Раковски во своите сеќавања ќе забележи:

“…Малку време пред да се случи тоа, Шамарданов доверливо ми беше признал дека многу се плаши од грчките “другари” околу него, дека еден ден ќе го “спастрат”.

1TihomirПодготвил: Т.К.

Извор: Т.М. „Светли ликови од Егејска Македонија (1945 – 1949)“, Скопје 1987 г.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top