Македонски легенди

Кирил Христов Совичанов

1nov2

1nov2

Кирил Христов Совичанов (1.IV.1878 – 25.IX.1961) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација и просветен деец. Тој е главен уредник на списанието на македонската емиграција во Бугарија „Илустрација Илинден“ и претседател на Илинденската организација. Тој пеел во световни и црковни хорови. Со голем успех извел македонски народни песни пред Радио Софија.

Кирил Христов е роден во 1878 година во Битола, во семејството на Анастасија Каранџулова, и Христо Совичанов-Псалта, првиот псалтир во егзархиската црква „Св. Богородица“ во Битола и касиер на Битолскиот револуционерен округ на ВМОРО. Во неговата куќа, под раководство на меговиот татко, се учеле и пееле револуционерни песни.

Кирил завршил во битолската прогимназија, а во 1896 г. педагошко училиште во Ќустендил. Од 1896 до 1900 година учителствувал во Дедеагач, каде што станал член и претседател на реонскиот револуционерен комитет на ВМОРО.  Поради својата активност, тој бил прогонет од Дедеагач и од таму се вратил во Битола, каде бил уапсен. Но, со пари успеале да го ослободат.

По поразот на Илинденското востание, Кирил Христов бил принуден да побегне во Бугарија, каде го продолжил своето образование. Тој се запишал на словенска филологија на Софискиот универзитет. Потоа победил на конкурс и заминал во Лион (Франција), каде што дипломирал литература.

По враќањето во Бугарија Христов работел како учител во Пловдив, Софија и други градови. Потоа бил главен уредник на списанието на македонската емиграција во Бугарија „Илустрација Илинден“ и претседател на Илинденската организација. Како претседател на Илинденската организација тој се обидел да ги помири двете крила во Внатрешната македонска револуционерна организација.

Кирил Христов ја наследил дарбата на неговиот татко за пеење. Тој бил тенор и пеел во световни и црковни хорови. Со голем успех извел македонски народни песни пред Радио Софија. Пред соработник на Институтот за музика при БАН, тој испеал текстови на повеќе од триста и триесет стари народни и урбани песни, а записите од нив останале во архивата на институтот.

Кирил бил оженет со Рајна, ќерка на прилепчанка и Хаџи Тодор Попиванов од Софија. Имале два сина: големиот бугарски оперски пејач Борис Христов и адвокатот и член на ВМРО, Николај Христов.

Кирил Христов починал на 25 септември 1961 година во Софија.

1TihomirПодготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top