Македонски легенди

Максим Ненов

121093

121093 

Максим Ненов (13.VIII 1870 – 29. V 1903) е македонски револуционер и зограф, војвода на  Македонската револуционерна организација. Познат е како Максим Зографот, но и како Максим Војвода. Во пролетта 1903 година, заминал за Бугарија да собере и комплетира една поголема чета од емигрантите  родум од Галичко и Дебарско. Меѓутоа, на враќање неговиот одред бил опколен од Турци и загинал во битка која се водела на врвот Чавките на планината Голак. Максим војводата е опеан во неколку народни песни од Илинденскиот период.

Максим Ненов е роден во 1870 година во Тресонче. Основно образование завршил во родното село и станал ученик на Дичо Зограф. Откако го научил занаетот, заминал на печалба во Бугарија и се населил во Стара Загора, каде што бил баран зограф, ѕидар, иконописец и калиграф.

Во Бугарија се поврзал со револуционерната емиграција од Македонија, а во 1899 година влегол во Македонската револуционерна организација.

Во 1902 година тој се откажал од својата професија, ја фрлил четката и ја грабнал манлихерата за да одговори на повикот на својот роден крај. Во истата година, влегол во четата на Јанаки (Наки) Јанев – реонски војвода на Галичко-реканската околија.

Во текот на месец август 1902 година, Кичевско-дебарскиот војвода Јанаки Јанев и помошните војводи Максим Ненов и Павле Караасан, секретарот на четата Георги Савов со четниците пристигнале во Галичник. Во рамките на подготовките на народот за востание, војводите ги повикале сите првенци во Галичник кои во тоа време се затекнале и им ги презентирале подетално задачите и целите на ВМРО. Сите изјавиле дека сакаат да станат членови на Организацијата, и колку што им дозволува силата да работат и да се борат под нејзино знаме.

Во пролетта 1903 година, Галичко-реканскиот револуционерен комитет со согласност на војводата Јанаки Јанев, донеле одлука да се испрати помошник војводата Максим Ненов во Софија, од каде тој требало да набави оружје и да собере и комплетира една поголема чета од емигрантите  родум од Галичко и Дебарско.

„За да ја изврши одлуката, пом. Војвода Максим Ненов, родум од Тресонче, по занимање иконописец, кој со радост ја прифатил задачата, си ја избричил брадата, си облекол цивилна облека и со потребните средства кои ги добил од Галичко-реканскиот комитет, со цивилни кираџии тргнал преку Скопје, Куманово, Паланка за Софија. Максим Ненов доблесно го исполнил својот долг. Тој пристигнал во Софија, каде материјално помогнат од целата Дебарска и Галичко – реканска колонија во Софија, организирал своја чета од 40-мина емигранти и тргнал за својот роден крај“  – пишува македонскиот револуционер Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941).

Во мај 1903 година Максим Ненов организирал чета во Софија од 53 Македонци од Дебарско и заминал во родниот крај. Меѓутоа, на 29 мај, неговиот одред бил опколен од Турци на врвот Чавките на планината Голак. Во битката загинал Максим Ненов заедно со неговиот подвојвода Димитар Стефанов Домазетов од селото Јабланица и уште 16 четници. Останатите преживеани од четата, под раководство на Димитар Арсов, стигнале во областа и учествувале во Илинденското востание.

Максим војводата е опеан како македонски херој во неколку народни песни од Илинденскиот период.

1Tihomir Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top