Македонски легенди

Крум Солунов Монев

36288

36288

Крум Солунов Монев (5 V. 1927 – 18 II. 2001) е македонски револуционер во Пиринска Македонија, борец за ослободување и обединување на Македонија.

Учествува во четата Герасим Тодоров. Поради македонизмот издржал 16 години затвор, одбегнувајќи ја смртната казна поради малолетност. Овој македонски патриот и писател за својата националност ќе изјави „Македонец – фанатичен до болест“.

Крум Солунов Монев е роден на 5 мај 1927 година во селото Оштава, Светиврачко, Пиринскиот дел на Македонија, во сиромашно, многудетно семејства. На осум години останал без татко. Поради сиромаштијата е принуден рано да го напушти училиштето. Тој учи само до 4-то одделение. На 12 години станува наемен работник по туѓи домови. Најчесто платата му била само исхраната, некоја облека и обувки.

Во почетокот на 1948 година, бугарските безбедносни служби свесни за неговите промакедонски чувства не му дозволуваат да служи во бугарската армија, туку го испраќаат да служи во „Трудовите војски“. Таму биле испраќани сите оние за кои се сметало дека немаат бугарско национално чуство (Турци, Македонци, помаци, Власи и др.). Едноставно, тие не требало да имаат добра воена обука.

Но, наместо кон трудовата единица, Крум Монев го фатил патот кон Пирин, каде од крајот на 1947 година има неколку партизански формации, кои се борат против новиот комунистички режим во Бугарија. Тој се приклучува на 6 – тиот пирински одред на Герасим Тодоров, наречен од кумунистите „бандата на Герасим“.

По помалку од три месеци, по 9 март 1948 година, Пирин планина била блокирана од војска и милиција. Единицата на Тодоров е поразена, а десетици се убиени. Други десетици кои биле фатени биле осудени на различни години затвор.

Крум Монев е осуден на петнаесет години самица. По малку повеќе од осум години, од кои три години во кампот на островот Белене, тој е ослободен. Испратен е да служи во трудивите војници.

Неколку месеци подоцна бега од единица и преку Југославија сака да оди во Италија или Австрија. Меѓутоа, бил фатен од југословенските власти и вратен во Бугарија. Повторно лежи во бугарските затвори. Така поминува во затвор околу 16 години.

Бугарските затвори стануваат неговиот универзитет, кој му дава добра подготовка за неговото творештво. Но, времето поминато во ужасните услови во бугарските затвори му го уништува здравјето на Крум Монев.

Крум Монев почина на 18 февруари, 2001 година во Долна Градешница, Бугарија.

ОМО “Илинден”- ПИРИН

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top