Македонски легенди

Златко Димчовиќ

Zlatko

Zlatko

Златко Димчов(иќ) (1906 – 1994) е пилот и воздухопкивен инжинер од Македонија, еден од најуспешните цивилни пилоти уште во стара Југославија. Зборувал шест јазици и во годините пред Втората светска војна, Златко имал брилијантна кариера. По војната бил затворен на Голи оток, поради што бил избришан од воздухопловната историографија.

Златко Димчов(иќ) е роден во 1906 година во Крива Паланка. Станал пилот и воздухопловен инжинер. Зборувал шест јазици. Во годините пред Втората светска војна, Златко имал брилијантна кариера. Бил прв меѓу југословенските пилоти. Од 1936 до 1939 година летал за германската „Луфтханза“.  Во јануари 1940 година се запослил во Друштвото за воздушен сообраќај „Аеропут“, каде работел до почеток на војната. Со неговото доаѓање во „Аеропут“, колективот речиси се преродил, навестувајќи многу деловни успеси.

Меѓутоа, по капитулацијата на Кралството Југославија во 1941 година, сите авиони на компанијата „Аеропут“ биле уништени, а дел од пилотите заминале по светот. Златко со неколку колеги останал во Белград.

Во 1942 година планирал да замине во Турција, но во последен момент се откажал. На 27 октомври 1944 година, со чин капетан влегол во состав Воздухопловството на Народноослобителната војска на Југославија (НОВЈ). Прво летал во ескадрилата за комуникации на Врховниот штаб, потоа во транспортната група.

Првиот лет на релација Белград-Софија го направил на 12 февруари 1948 година. Следувале други должности за кои бил награден и пофален. Во тие повоени години на реконструкција и изградба, тој имаше дозвола да управува со сите авиони што се користеле во тогашната југословенска цивилна авијација.

Неполна половина година работел и во ЈАТ, а на 2 јуни 1950 година по принудно слетување кај Постојна бил уапсен и одведен на Голи оток. Околу причините за неговото апсење постојат многу контроверзи. Има една верзија дека наводно сакал да пребега во Бугарија со авион DC-3. Според другата верзија, додека летал со Луфтханза на релација Белград-Берлин и обратно, тој се сретнал и спријателил со советски колеги во овој германски град. Тие во една прилика го замолиле, кога веќе летал над Чехословачка, да набљудува и да внимава што се прави и какви активности има на чехословачко-германската граница. Златко не криел ништо за тоа што правел пред и за време на Втората светска војна. Тој не криел дека доставува извештаи до еден од пилотите – советски разузнавач. И се ќе било во ред да не се случила Резолуцијата ИБ.

Некој, очигледно, го поткажал, па Златко завршил на Голи оток, каде останал 4 години. По излегувањето од логорот извесен период немал работа, се додека фирма која увезувала авиони и мотори не се сетила на искусниот пилот и воздухопловен инжинер кој знаел неколку јазици и го повикала за советник.

Тој е автор на книгата „Пилотажа народу“ која во издание на „Народна техника“ се појавила во 1950 година.

Златко Димчов(иќ) починал во Белград во 1994 година.

(извор: https://www.politika.rs/scc/clanak/523690/istorija/s-plavih-visina-pravac-goli-otok)

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top