Македонски легенди

Стојан Георгиев – Томовичин

Stojan

Stojan

Стојан Георгиев (18. III 1838 – 5. VII 2023) е македонски национален деец во Пиринска Македонија, борец за правата на Мекедонците во Бугарија. Тој бил еден од оснивачите на ОМО „Илинден“, а по расцепот се вклучил во ОМО „Илинден“ – Пирин. Како Македонец, тој бил изложен на бројни полициски испрашувања и малтретирања, а одлежал и две затворски казни од по четири години.

Стојан Георгиев е роден на 18 март 1938 година во градот Петрич, Пиринскиот дел на Македонија. Потекнува од револуционерно семејство. Неговиот дедо Томо, по кого го добил прекарот Томовичин, како борец за ослободување на Македонија од турското ропство бил затворен пет години во турскиот затвор Еди Куле.  И други негови претци умирале за слобода на Македонија.

Одејќи по стапките на своите претци, уште како средношколец, на 18 години создал македонска група, поради што дошол во судир со бугарската власт. Тој бил држен 18 дена во ќелиите на државната безбедност, по што бил ослободен за да го заврши своето образование.

Во 1957 година повторно формирал група, по што повеќе од три месеци бил затворен и подложен на истрага и мачења. Во 1958 година бил осуден на четири години затвор, кои ќе ги помине во Стара Загора, а во 1973 година тој повторно бил затворен четори години.    

Во 1990 година, по падот на комунизмот, Стојан бил еден од оснивачите на ОМО „Илинден“ и бил прв и единствен претседател на Организацијата пред нејзиниот расцеп. Во 1998 година се вклучил во ОМО „Илинден“ – Пирин и набрзо бил избран за почесен  претседател, место на кое останал до последен ден.

И покрај сите закани и застрашувања од страна на бугарските власти, до крајот на својот живот, Стојан активно учествувал во борбата за стекнување права на Македонците во Бугарија. Исто така, на разни меѓународни средби тој го брани правото на Македонците да се стекнат со своите национални права.

Автор е на две книги кои раскажуваат за неговиот живот, борба и страдања.

Стојан Георгиев почина на 5 јули 2023 година.

Tiho

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top